Трета лигаФудбал

Слога Виница со ново засилување, претставен Филип Николовски

Сподели
Сподели

Амбициозниот третолигаш Слога Виница претстави ново засилување за пролетната полусезона, станува збор за младиот Филип Николовски, кој доаѓа од редовите на второлигашот Каменица Саса.

20-годишникот потекнува од тимот на Македонска Каменица, а во Виница тој е четврто зимско засилување, со што Слога го потврдува тоа што Спортска Мрежа го најавуваше изминатиот период.

Клубот и во следниот период ќе продолжи да се засилува со што веќе се гради сериозно конкуренти тим кој во пролетниот дел на Трета лига – Исток нема да има проблем да го потврди првото место и шампионската титула, па ќе остане фокусот на баражот за Втора лига.

Претходно, како што веќе информираше Спортска Мрежа екипата на Слога Виница се засили со искусните Иван Настевски и Тони Мирчевски од второлигашот Детонит Плачковица, потоа со Љупче Христовски од Беласица.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Трпчевски ќе им суди на Шкендија и Струга, Ристовски главен во Штип, Пилешков го доби дуелот на Чаир

Делегирани судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од четвртото коло на Првата македонска фудбалска лига кое ќе се отвори утре со...

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Тиквеш приреди ден исполнет со детски насмевки и фудбалска радост: Најмладите со маички и средба со своите идоли

ГФК Тиквеш приреди посебен ден за своите најмлади фудбалери, исполнет со насмевки, радост и многу љубов кон фудбалот и клубот од Кавадарци. Најмладите...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Трпчевски ќе им суди на Шкендија и Струга, Ристовски главен во Штип, Пилешков го доби дуелот на Чаир

Делегирани судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од четвртото коло...

Втора лигаФудбал

Шкупи без победа речиси една година – тимот од Чаир повторно кај Кожуф, последниот противник што го совлада!

Ланскиот прволигаш Шкупи продолжува со црната серија и во Втората македонска фудбалска...

Младински фудбалФудбал

ОФС Кавадарци со поддршка за новоформираниот фудбалски клуб Академија Мојсов

Општинскиот фудбалски сојуз Кавадарци со поддршка за новоформираниот фудбалски клуб Академија Мојсов...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!