Прва лигаФудбал

Шефит Шефити е нов играч на прволигашот Беса, пред промоција и Алдин Хрвановиќ

Сподели
Сподели

Прволигашот Беса од Добри Дол го промовираше Шефит Шефити како ново засилување за пролетната полусезона од Првата лига.

26-годишниот Шефити во Беса доаѓа од редовите на второлигашот Арсими од Чегране, а претходно беше дел од тимот на Приштина во Косово, а настапуваше и за Ренова во период од 2020 до 2022, фудбалски потекнува од Шкендија, каде настапуваше до 2020 година.

Шефити ќе биде голем потенцијал во нападот на Беса и ќе биде важен адут на тимот во пролетниот дел за остварување на целта, а тоа е директен и сигурен опстанок во Прва лига.

Како што дознава Спортска Мрежа пред промоција во Беса е и босанскиот интернационалец Алдин Хрвановиќ, кој во следните денови ќе биде официјално промовиран во дресот на Беса.

Тој доаѓа од тимот на Слобода Тузла, а во својата кариера има настапувано за Зрињски Мостар, Ступчаница, Радничку Луковац, Братство Грачаница, Игман Коњиц, Слобода Тузла, Чаплина и Зелезничар, а имаше настап и за Пајде и Дорнач.

26-годишникот од БиХ треба да биде големо и квалитетно засилување, но и освежување во редовите на Беса.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Македонските навивачи го загреваат Глазгов – Кипре и Јованка пристигнаа, се подготвува голем собир пред дуелот со Шкотска!

Глазгов полека се обојува во црвено-жолто пред утрешниот фудбалски натпревар меѓу Шкотска и Македонија, кој ќе се одигра на легендарниот „Хампден парк“, со...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!