Без победник заврши дербито на поранешните шампиони од првото коло на Првата футсал лига, откако Форца и Шкупи одиграа 1:1 и ги поделија бодовите.
Во повеќе од атрактивен меч, со многу шанси, со многу неизвесности, Јасир Зеќири во 10. минута го отвори резултатот и донесе предност за домашниот тим.
Стартот од вториот дел донесе гол за израмнување, откако Еркан Сефери погоди во 25. минута за 1:1, а до крајот ниту домашниот, ниту гостинскиот тим не успеа да постигна гол, со што двете екипи мораа да се задоволат со бод.