Трета лигаФудбал

(ФОТО) Кои екипи имаат максимален ефект во Третата лига, а кои разочараа по четири кола?

Сподели
Сподели

По четири одиграни кола во шестте региони на Третата македонска фудбалска лига, полека се издвојуваат екипите кои имаат највисоки амбиции. Иако сезоната е сè уште во раната фаза, дел од фаворитите веќе го потврдуваат квалитетот и се на врвот на табелите, додека кај некои од очекуваните кандидати за највисок пласман има и први разочарувања.

Регион 1 – Илинден максимален

Во Регион 1, Илинден е лидер со максимални 12 бодови од четири натпревари. Зад него е БВК Коњаре со 10 бодови, исто колку што има и Студеничани на третата позиција.

БВК Коњаре се наметнува како еден од посериозните конкуренти на лидерот, додека Студеничани со резултатите во досегашниот дел од сезоната се искачи високо на табелата.

Поддржете ја Спортска Мрежа со симболична донација и помогнете ни да продолжиме да го промовираме македонскиот спорт

Беса од Сарај е четврта со 7 бодови, додека Њу Старс и Аеродром со по 6 бодови го делат петтото место.

Регион 2 – Куманово со совршен старт

Во Регион 2, Куманово има максимални 12 бодови и четири победи од четири натпревари.

Куманово пред три сезони играше бараж за пласман во Втората лига, но тогаш загуби од Победа. Сега тимот повторно има амбиција да стигне до баражот, но овојпат и да го направи последниот чекор кон враќање во второлигашката конкуренција.

Втора е Пчиња со 10 бодови, додека дебитантот Јуниор од Доброшане пријатно изненадува и моментално е трет со 9 бодови.

Регион 3 – Победа Валандово лидер, Саса и Овче Поле под очекувањата

Во Регион 3, Победа Валандово продолжува во ритамот од минатата сезона. „Калинкарите“ минатата сезона беа на врвот и стигнаа до бараж за Втора лига, каде што загубија со 2:0 од Камјани на Градскиот стадион во Штип.

Сега Победа повторно има големи амбиции и по четири кола е лидер со максимални 12 бодови.

Најпријатното изненадување е Огражден од Ново Село, кој со три победи и едно реми има 10 бодови и се наоѓа на второто место. Малеш е трет со 8 бодови.



Од друга страна, ланскиот второлигаш Каменица Саса има само 6 бодови и се наоѓа на шестата позиција, додека Овче Поле, кое исто така имаше високи амбиции пред стартот, е седми со 5 бодови.

Регион 4 – Победа од Прилеп без грешка

Во Регион 4 засега нема поголеми изненадувања на врвот. Победа од Прилеп е убедлив лидер со максимални 12 бодови, со дури 29 постигнати и само еден примен гол.

Поддржете ја Спортска Мрежа со симболична донација и помогнете ни да продолжиме да го промовираме македонскиот спорт

На второто место е Венец од Долни Дисан со 10 бодови, додека Превалец и ланскиот второлигаш Големо Коњари се на третата позиција со по 9 бодови.

Регион 5 – Влазерими и Караорман на врвот

Во Регион 5, Влазерими од Кичево и Караорман имаат по 9 бодови.

Стружани имаат одиграно четири натпревари, со три победи и еден пораз, додека Влазерими од Кичево има натпревар помалку и максимален учинок – три победи од три натпревари.



Зад нив следуваат три екипи со по 7 бодови – Баир Спорт, Напредок Кичево и Напредок Ношпал, кои го делат третото место.

Регион 6 – Доброште на врвот

Во Регион 6 лидер е Доброште со 10 бодови, остварени со три победи и едно реми.

Дури пет екипи имаат по 7 бодови и се наоѓаат во густо распоредениот врв – Дрита од Боговиње, Гостивар, Џепчиште, Лирија од Желино и Кораб.

Тоа покажува дека во овој регион допрва може да се очекува голема борба за врвот, со оглед на малата бодовна разлика меѓу екипите.

Само три шампиони ќе стигнат до Втора лига

На крајот од сезоната следува и новиот систем за одредување на патниците кон второлигашката конкуренција. Шесте регионални шампиони, преку ждрепка, ќе бидат поделени во три натпреварувачки пара.

Победниците од трите бараж мечеви ќе обезбедат место во Втората македонска фудбалска лига за сезоната 2027/2028.

Поддржете ја Спортска Мрежа со симболична донација и помогнете ни да продолжиме да го промовираме македонскиот спорт

Иако се одиграни само четири кола, веќе може да се забележат првите контури на борбата за врвот. Сепак, до крајот има уште многу натпревари, а токму во Третите лиги формата и континуитетот во текот на целата сезона може да направат голема разлика.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига, откако на гостувањето кај Вибжеже Гдањск одигра 31-31 во натпревар со...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Алиоски се враќа, со Дориев и Елмас против Швајцарија!

Македонија вечерва во Луцерн ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на нации, а Гоце Седлоски го одреди составот со кој ќе се обиде...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Шампионот со ново засилување: Проект го претстави Александар Черкезов

Македонскиот футсал шампион Проект го промовираше Александар Черкезов како ново засилување за...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски со голема победа: Таџикистан ја совлада Кина

Игор Ангеловски запиша значаен триумф како селектор на Таџикистан, откако неговата репрезентација...

КупФудбал

КУП: Тиквеш со 13 гола го доби третолигашот Крошу Спорт како на тренинг меч

Тиквеш воопшто не се испоти за да се пласира во осминафиналето од...

ФудбалФутсал

Никола Анчевски се врати дома: Анче повторно во дресот на шампионот Проект

Шампионот Проект во еден ден претстави три нови засилувања, по промоциите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!