Останато

Митев: Олимпијакос е прв фаворит, шансата ќе ја бараме против Дрита

Сподели
ФОТО: Одбојкарска федерација на Македонија
Сподели

Македонскиот вицешампион Наковски Волеј втора сезона во низа е дел од меѓународната сцена, а годинава повторно ќе биде домаќин на БВА купот, натпреварување под капата на Балканската одбојкарска асоцијација. Турнирот воедно има статус на зонски претквалификациски турнир, а победникот ќе обезбеди пласман во ЦЕВ Челинџ купот.

Одбојкарките предводени од Александар Митев и Хари Наковски од 6 до 8 октомври во спортската сала „Парк“ во Струмица ќе ги одмерат силите со грчки Олимпијакос, ЦСКА Софија од Бугарија и Дрита Гњилане од Косово.

Наковски Волеј напорно работеше во текот на целиот летен период, а иако го очекува исклучително силна конкуренција, тимот во пресрет на турнирот не поставува резултатски императив. Приоритет ќе биде добар перформанс на сите три натпревари, преку кои струмичкиот состав сака да покаже дека е подготвен за новите предизвици.

БВА купот ќе биде одлична проверка за формата на Наковски Волеј пред стартот на новото домашно првенство, кое е закажано за десетина дена.

„Учеството во БВА купот е со цел да се создаде континуитет со настапи и на меѓународната сцена. Најважното за екипата е да се собере интернационално искуство и да се расте преку квалитетни натпревари. Имаме силна конкуренција, се соочуваме со екипи како Олимпијакос и ЦСКА Софија. Олимпијакос ланската сезона играше во Лигата на шампионите имаат сериозен состав со интернационалки и според мене тие се прв фаворит. ЦСКА Софија доаѓа од Бугарија која има силна експанзија на женската одбојка, со млада генерација која е светски шампион, со А репрезентаија која игра во Лигата на нации. Шансите ќе ги бараме во дуелот со Дрита, со која сме блиски по квалитет. Пред два дена тие го освоија Супер купот на Косово, од оваа сезона во нивните редови настапува и нашата репрезентативка Мери Бошковска и се надевам дека ќе се носиме добро со нив. Најважен е добриот настап, да понудиме добра игра и да се покажеме во што подобро светло, што секако ќе биде и одлична увертира за нас во пресрет на домашното првенство“, потенцира Александар Митев.

Тридневната програма стартува од денес, во 17 часот, со дуелот меѓу главните фаворити ЦСКА Софија и Олимпијакос. Наковски Волеј како домаќин трите натпревари ќе ги игра во вториот термин од 19:30 часот. Денес отвора против Дрига Гњилане, в среда игра со ЦСКА Софија, додека во последното коло ќе се соочи со Олимпијакос.

БВА КУП 2026 ЖЕНИ

1.КОЛО (06.10.2026)

Олимпијакос – ЦСКА Софија            17:00ч.

Дрита – Наковски Волеј        19:30ч.

2. КОЛО (07.10.2026)

Дрита – Олимпијакос           17:00ч.

Наковски Волеј – ЦСКА Софија        19:30ч.

3. КОЛО (08.10.2026)

ЦСКА Софија – Дрита 11:00ч.

Наковски Волеј – Олимпијакос        13:30ч.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Сопиште доби ново мултифункционално спортско игралиште

Жителите на Општина Сопиште од денеска имаат современ и функционален спортски простор, откако беше пуштено во употреба реконструираното мултифункционално игралиште, реализирано со поддршка...

Останато

Мохамед Атум пристигна во Македонија,18 млади пинг-понгари на камп во Пехчево

Мохамед Атум од Јордан, тренер од мрежата на Меѓународната пинг-понг федерација (ITTF), заедно со селекторот на македонската репрезентација, Миленковиќ, беа во посета на...

Поврзани написи
Останато

Сопиште доби ново мултифункционално спортско игралиште

Жителите на Општина Сопиште од денеска имаат современ и функционален спортски простор,...

Останато

Мохамед Атум пристигна во Македонија,18 млади пинг-понгари на камп во Пехчево

Мохамед Атум од Јордан, тренер од мрежата на Меѓународната пинг-понг федерација (ITTF),...

Останато

Штип УГД тргнува по нов трофеј: Суперкупот е првата станица кон одбрана на двојната круна

Нова сезона, нови предизвици и нова можност за трофеј за Штип УГД....

Останато

Девран Куртис со четири медали на „Лесковачки Победник 2026“: Злато и три сребра за младата охридска пливачка

Уште еден одличен настап за младата охридска пливачка Девран Куртис, која со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!