Борец со нов „кикс“ откако ремизираше против ланскиот второлигаш Вардар Неготино на „Цвај арената“, двете екипи одиграа 2:2 во натпревар од 4. коло на Трета лига регион 4.
Гостинот од Велес успеа да дојде прв до предност од два гола, откако Ибрахимовиќ Џемаил погоди за отварање на резултатот по десет минути игра во Неготино, а потоа Милан Чичевски во 30. минута погоди за 0:2.
До крајот на првиот дел домаќинот успеа да намали на 1:2 со гол на Оливер Тодоров во 37. минута.
Во вториот дел домашниот тим успеа да дојде до израмнување преку гол на Стојанче Камчев во 70. минута за конечни 2:2. Со оваа реми Борец прави чекор назад кон трката за првото место.
Влазними Јуниор и Бучин ги поделија бодовите во меч кој заврши со резултат од 1:1. Мевлан Усеиноски во 10. минута погоди за отварање на резултатот и водство на домаќинот на полувреме. Во 66. минута Зоран Мирчески погоди за конечни 1:1.
Превалец беше убедлив на домашен терен совладувајќи го Млекар со 3:0. Филип Мијалковски во 9. минута погоди за 1:0 на полувреме, а во вториот дел печат на победата ставија Ордан Нешов и Марио Панев.
Во Крушево немаше победник, Питу Гули и Ултра одиграа 2:2 и ги поделија бодовите. Соте Андреески со гол обезбеди предност за домаќинот на полувреме. Во вториот дел се случи пресврт откако Ултрас го презеде водството со головите на Роберт Димитријески во 47. минута и Валентин Белески во 72. минута. Но, по три минути игра Ѓорѓи Стрезовски погоди за конечни 2:2.
Извештајот на Спортска Мрежа за вчерашните мечеви е достапен овде.