Ракомет

Еурофарм Пелистер се рехабилитира со убедлива победа кај Бутел

Сподели
ФОТО: РК Еурофарм Пелистер
Сподели

Еурофарм Пелистер вчера стигна до сигурна победа во Супер машката лига, откако на гостувањето кај Бутел Скопје славеше со 34-21 во натпреварот од 5. коло.

Поразот од Ла Риоха во ЕХФ Европската лига беше оставен зад нив со убедливо издание во домашното првенство, а капитенот Филип Кузмановски повторно беше еден од најзаслужните за триумфот. Репрезентативецот постигна девет гола од десет удари, а запиша и осум асистенции. Во дресот на битолчани дебитираше и новото засилување Саду Нтанзи, кој натпреварот го заврши со три погодоци и една асистенција.

Бутел Скопје долго време беше рамноправен противник и успеваше да го следи ритамот на фаворитот. По 15 минути игра резултатот беше 5-5, но потоа Еурофарм Пелистер постепено ја презеде контролата и до полувремето стигна до 14-10. Домашниот состав, сепак, не дозволи целосно да биде скршен и со головите на Давид Јаневски и Николоски ја намали разликата на 14-12 пред паузата.

Во вториот дел битолчани брзо ја вратија контролата над резултатот. Видомски, Нтанзи и Атанасијевиќ погодија за 17-12 и најавија мирна завршница за гостите. Предноста на Еурофарм Пелистер во продолжението постојано беше најмалку пет гола, па тимот без поголеми проблеми ги одработи последните минути и ги освои бодовите.

Кај Бутел Скопје, Дејан Михајловиќ беше најефикасен со пет гола, додека Давид Јаневски постигна четири. Митревски имаше добра партија меѓу стативите, а Хеидарирад одбрани и два удари од седум метри.

Во следното коло Еурофарм Пелистер ќе го пречека Куманово, додека Бутел Скопје повторно ќе биде домаќин, овојпат на екипата на Прилеп.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Форца со шампионски амбиции: Лигата и Купот се главните цели, претставени новите засилуања

Поранешниот шампион Форца со големи амбиции влегува во новата сезона во Првата македонска футсал лига. По две последователни шампионски титули во сезоните 2023/24...

Кошарка

(ФОТО) Историски трофеј за Крива Паланка: Шампионките го освоија Суперкупот со 63:51 против Баскет Кам

Крива Паланка испиша нова страница во историјата на клубот, откако за првпат го освои женскиот Суперкуп „Драган Василов – Цевка“. Актуелниот шампион во...

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Македонија со познати термини за битката за ЕП 2028!

Македонската ракометна репрезентација во ноември ќе го започне патот кон Европското првенство...

Ракомет

Томовски повторно ,,непробоен ѕид”: 14 одбрани против Фуксе Берлин!

Мартин Томовски продолжува да ја потврдува својата одлична форма во Бундеслигата. Македонскиот...

Ракомет

Драма до последна секунда: Прилеп и Струга си поделија по бод!

Прилеп и Струга одиграа неизвесен натпревар во 5. коло од Супер машката...

Ракомет

Алкалоид ја продолжи победничката серија по драмата со Тиквеш! 

Алкалоид останува со максимален ефект во Супер лигата, откако во „Автокоманда“ стигна...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!