РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Македонија против Шкотска ќе напаѓа со Миовски и Елмас

Сподели
Сподели

Македонија вечерва од 20:45 часот ја пречекува Шкотска на Националната арена „Тодор Проески“, во третото коло од Лигата на нации, а познати се стартните состави на двете селекции.

Гоце Седлоски направи неколку промени и се одлучи за систем со тројца во последната линија, додека главната офанзивна задача ќе ја имаат Бојан Миовски и Елиф Елмас.

На голот е Столе Димитриевски, додека одбранбената тројка ја сочинуваат Муслиу, Мељиќи и Младеновски. По крилните позиции ќе играат Илиевски и Херера, додека средниот ред го пополнуваат Барди, Станковски и Гаштаров.

МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Муслиу, Мељиќи, Младеновски, Херера, Илиевски, Станковски, Гаштаров, Барди, Елмас, Миовски.

ШКОТСКА: Ган, Бинкс, Велш, Мекени, Робертсон, Фергусон, Гилмур, Доук, Мекгин, Мекбурни, Боуви.

Натпреварот започнува во 20:45 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија повторно без гол и без бодови: Шкотска со триумф си замина од Скопје

Фудбалската репрезентација на Македонија продолжува без победа и без постигнат гол во новото издание на Лигата на нации. „Црвено-жолтите“ на Националната арена „Тодор...

РакометРакометна репрезентација

Македонија со познати термини за битката за ЕП 2028!

Македонската ракометна репрезентација во ноември ќе го започне патот кон Европското првенство 2028, пред настапот на Светското првенство. Во рамките на првата квалификациска...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија повторно без гол и без бодови: Шкотска со триумф си замина од Скопје

Фудбалската репрезентација на Македонија продолжува без победа и без постигнат гол во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

ФФМ: Точни информации за цените и распределбата на билетите за Македонија – Шкотска

Фудбалската федерација на Македонија сподели информација околу билетите, како што велат од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!