Тиверија Брера експресно се врати на победничките патеки, откако на домашен терен со високи 7:0 славеше над Истатов, во меч со кој се отвори 8. коло на Првата женска фудбалска лига.
Пет погодоци постигна Билјана Панеска, а по еден гол постигнаа Теона Галабовска и Трендова Никица.
Истатов ја продолжува резултатската криза и во следното коло ќе бара излезе од истата против Речица на домашен терен, а пак Тиверија Брера сега е на третото место со 16 бодови, барем до утре, додека да се комплетира колото со останатите средби.