Втора лигаПрва лигаФудбал

Пријателски меч со шест гола: Брегалница подобра од Пелистер во Могила

Сподели
ФОТО: ФК Брегалница
Сподели

Штипска Брегалница забележа победа во пријателскиот натпревар против Пелистер, кој денеска се одигра во Могила и беше искористен од двете екипи за одржување на натпреварувачкиот ритам за време на репрезентативната пауза.

Прволигашот од Штип беше подобар од битолскиот второлигаш со 2:4, во натпревар во кој сите шест погодоци беа постигнати во второто полувреме.

По првите 45 минути без голови, Брегалница дојде до предност во 52. минута преку Николов за 0:1. Пелистер брзо одговори и пет минути подоцна, односно во 57. минута, Ивановски израмни на 1:1.

Штипјани повторно поведоа во 65. минута, кога Велковски погоди за 1:2. Пелистер не се предаде, па во 73. минута Гроздановски донесе ново израмнување – 2:2.

Во самиот финиш Брегалница повторно го презеде водството. Георгиев во 87. минута погоди за 2:3, а конечните 2:4 ги постави Николов во 90. минута.



Контролниот дуел во Могила беше добра проверка за двете екипи пред продолжението на првенствените обврски по репрезентативната пауза.

Пелистер го очекува тешко гостување во Струмица кај Беласица во дербито на седмото коло од Втората македонска фудбалска лига, додека Брегалница во рамките на деветтото коло од Првата лига ќе гостува кај Тиквеш во Кавадарци, во натпревар кој ќе биде од големо значење за штипскиот прволигаш.



Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Еурофарм Пелистер 2 сигурен против Куманово за втора сезонска победа

Еурофарм Пелистер 2 се врати на победничките патеки во Суперлигата, откако во Битола го совлада Куманово со 36-30 и стигна до вториот триумф...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

ФФМ: Точни информации за цените и распределбата на билетите за Македонија – Шкотска

Фудбалската федерација на Македонија сподели информација околу билетите, како што велат од „Куќата на фудбаот“, поради очигледната потреба од дополнително информирање. Во целост...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

ФОТО: Детонит Плачковица подобар на пријателската со Беласица во Радовиш

Детонит Плачковица славеше со 2:0 против Беласица во денешниот пријателски натпревар одигран...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!