Турнири

„Куклиш 2024“ Винарија Здравко ја преслуша СВР Струмица, а Христимл Банско го среди Вистони ЖП за полуфинале!

Сподели
Сподели

Вечерва полуфинале на турнирот во мал фубдал „Куклиш“ 2024 обезбедија екипите на Винарија Здравко и Христмил Банско, кои доминираа на теренот и забележаа високи победи.

Екипата на Винарија Здравко лесно стигна до големото полуфинале, откако во четвртфиналето на Новогодишниот турнир во мал фудбал „Куклиш 2024“ со 1:5 ја преслуша СВРТ Струмица.

За поразениот тим само Иле Петров беше единствен стрелец, а за победничката екипа Наум Блажевски и Васко Глигоров постигнаа по два гола, а пак Минур Асанов беше стрелец на еден гол.

Во последниот четвртфинале меч екипата на Христмил Банско со „лото“ победа од 7:0 демонстрираше моќ против Вистони ЖП, во меч каде Бојан Јанев и Марио Благоевски постигнаа по два гола, а по еден гол постигнаа Стефан Благоевски, Мики Митров и Никола Стојановски.

Утре се игра големото полуфинале, а натпреварите во ЖИВО ќе може да ги следите на YouTube каналот Спортска Мрежа Podcast, заследете го нашиот YouTube канал (претиснете subscribe) тоа е бесплатно и полуфиналето и финалето од „Куклиш 2024“ ќе можете да го следите ексклузивно на Спортска Мрежа.

Од  20 часот екипата на ФК Дрвош ќе се соочи со Винарија Здравко во првиот полуфинален меч, еден час подоцна соочување на Христмил Банско против Герасов. Победниците од овие натпревари обезбедуваа место во големото финале, а поразените ќе се соочат за трето место.

Спонзори и помагатели на „Куклиш 2024“ се Општина Струмица, Еклектик, Лав Комерц, Јови-МК, Никола Црнкаров, Агро-Драв-ВД, Едисон Јосе, Фреш Енд Драј, Криго-Каес, НП-Транс, Бимакс-Плус, Вен Воцар, Икарус, Стариот Џумбушлија, Христмил-Банско, Тера Пет Плус, Владо Банско, Печатница Дељо, Токи Еднокуќево, Термо-Митко и Флекс Компани.

Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој спортски настан.

Полуфиналните натпревари ќе можете да ги следите во ЖИВО на Спортска Мрежа Podcast на YouTube, како и натпреварот за трето место и големото финале.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Турнири

Во тек се пријавувањата за меѓуопштинскиот турнир во мал фудбал „Ресен 2026“

Интересот за учество на традиционалниот меѓуопштински турнир во мал фудбал „Ресен 2026“...

Турнири

Отворени пријавувањата за Меморијалниот турнир „Сашко Гелов – Шулц“ – обезбеден награден фонд од 300.000 денари

Во тек се пријавувањата за шестото издание на Меморијалниот турнир во мал...

Турнири

Јанг Тим и Овче Поле го потврдија учеството на Охрид Куп 2026

На првото издание од Охрид Куп свое учество ќе земат и екипите...

Турнири

Отворени пријавувањата за меѓуопштинскиот турнир во мал фудбал „Ресен 2026“

Љубителите на малиот фудбал и ова лето ќе имаат можност да бидат...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!