Трета лигаФудбал

Дамјан Ангеловски ја израдува Крива Паланка, Јуниор од Доброшане со минимална победа, Куманово ги освои бодовите во Слупчане

Сподели
Сподели



Фудбалот во Крива Паланка се врати по 30 години, а премиерниот меч донесе радост за навивачите на Академија Осогово, откако дебитантот во третото коло на Трета лига регион 2 славеше со минимални 1:0 над Влазними од Оризари.

Стрелец на единствениот победнички гол беше Дамјан Ангеловски, кој погоди од белата точка во 43. минута од средбата.

Со овој натпревар и официјално во Крива Паланка се игра сениорски фудбал по три децении.

Куманово со 0:2 славеше во Слупчане славејќи над Беса, а стрелци беа Екрем Мемеди во 70. минута за отварање на резултатот и Ќендрим Абази во 78. минута за потврда на победата.

Со голот на Виктор Димитриевски во 6. минута, екипата на Јуниор од Доброшане славеше минимална победа од 1:0 над Козјак од Старо Нагоричане.

Трите бодови останаа дома – Липчково со 3:2 ја доби Победа од Тромеѓа. Домаќинот сите три гола ги постигна во првиот дел, а стрелаа Есат Рамани, Артан Јунизи и Шуабј Шукрија. Во вториот дел Милан Благојевиќ и Лука Љубевски го ублажија поразот.

Извештајот на Спортска Мрежа за мечот меѓу Речица и Пчиња кој се одигра вчера е достапен овде.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година поразена во Нови Сад од Србија

Младата репрезентација на Македонија до 21 година претрпе пораз од Србија, 2:0 во пријателскиот натпревар одигран во Нови Сад. Избраниците на Александар Таневски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера преку Истатов во полуфиналето, Ана Димитровска со четири гола го потона Кочани, домашни победи за Пелистер и Љуботен

Без изненадувања во Купот на Македонија во женска конкуренција, фаворитите лесно обезбедија...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!