Прва женска фудбалска лигаФудбал

Скопје со победа над Ас Јунајтед, Речица преку Лана Спасовска го „прегази“ Кочани, реми на Пелистер и Саса

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели



Скопје ја продолжува победничката низа откако во Струга славеше над Ас Јунајтед со 2:4, во натпревар од 7. коло на Првата женска фудбалска лига.

Шампионот со два брзи гола дојде до предност од 0:2, откако Ивана Милевски погоди во 10. минута за отварање на резултатот, а пак во 13. минута погоди за двојна предност.

До крајот на првиот дел домаќинот успеа преку Елена Мацевска и Веса Села израмни на 2:2 по првите 45 минути.

Во вториот дел Христина Јошевска донесе нова предност за Скопје, откако погоди во 61. минута, а печат на победата за тимот од Пржино стави Рабија Дервиши во 85. минута.

Пелистер и Каменица Саса ги поделија бодовите во меч каде беа постигнати четири погодоци за конечни 2:2. Прв до предност во Кравари стигна гостинот преку капитенот Ана Димитровска за 0:1 на полувреме.

Во вториот дел Марија Стојановска израмни на 1:1 во 66. минута, а само една минута подоцна Димитровска со втор гол ја врати предност кај „рударките“.

Радоста на гостинот од Каменица Саса ја украде Ана Нешковска, која во 87. минута постигна гол за конечни 2:2 и делба на бодовите.



Тежок пораз доживеа Кочани, откако на гостување кај Речица беше декласиран со 5:1. Интересно е тоа што во првиот дел мрежи мируваа, а сите голови „паднаа“ во вториот дел.

Лана Спасовска постигна хет-трик за Речица, а по еден гол постигнаа Анѓела Петковска и Софија Величковска, додека пак за гостинот единствен стрелец беше Катерина Милеска, која погоди во 72. минута.

Во долниот дел од табелата работите почнуваат да стануваат интересни, со тоа што Кочани останува „закован“ на дното од табелата со еден бод, а по четири бодови имаат Речица и Вардар за делба на осмото место.



На врвот од табелата по седум кола е шампионот Вардар со 18 бодови, а го следи Љуботен како втор со 17 бодови, додека пак Пелистер е трет со 16 бодови.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ПЖФЛ:

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година поразена во Нови Сад од Србија

Младата репрезентација на Македонија до 21 година претрпе пораз од Србија, 2:0 во пријателскиот натпревар одигран во Нови Сад. Избраниците на Александар Таневски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера преку Истатов во полуфиналето, Ана Димитровска со четири гола го потона Кочани, домашни победи за Пелистер и Љуботен

Без изненадувања во Купот на Македонија во женска конкуренција, фаворитите лесно обезбедија...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!