Фаворитот Илинден продолжува да нижи порази во Трета лига регион 1 откако на гостински терен со убедливи 0:5 славеше над Фортуна. Тимот кој е прв фаворит за бараж кој води кон Втора лига во првиот дел постигна два гола, а стрелци беа Дарио Десниќ и Кристијан Чурлинов.
Во вториот дел погодија Ален Јашароски, Антонијо Кртевски и Филип Стојчевски.
Беса Сарај славеше домашна победа од 2:0 над Кул Здравје со головите на Муртезан Незири и Ељмедин Бахтијаровски, а погодија во вториот дел.
Њу Старс и БВК Коњаре ги поделија бодовите во меч кој немаше погодоци (0:0), додека пак Марино славеше минимална победа од 0:1 над Ржаничино во гости, стрелец беше Дамјан Симоновски.
Аеродром на домашен терен претрпе пораз од екипата на Студеничани со резултат од 1:2. Домаќинот прв дојде до предност од еден гол преку Фуад Керими во 4. минута, а по две минути Риад Кадри израмни. Во вториот дел односно во 71. минута Зејди Шабани беше прецизен за конечни 1:2.
Башкими Љуботен на домашен терен однесе убедлива победа на дебитантот Препарим Нигиштан од 6:0. Албан Алија постигна два гола, а по еднаш стрелаа Ердуан Мамути, Мирхат Емини, Аљајдин Османи и Фаредин Исеини постигнаа по еден гол.