Трета лигаФудбал

Влазерими со убедлива победа против Чардак, Могила ремизираше во Ресен, Влазними со висок пораз

Сподели
Сподели



Третото коло во Трета лига регион 5 донесе голем број на погодоци на сите натпревари, а најголема победа имаше Влазерими Јуниор од Кичево, откако на домашен терен со 7:1 го декласираше новајлијата Чардак од Велгошти.

Двојни стрелци во високата победа за кичевчани беа Албулен Имери и Леонтин Бајрами, а за гостинот по еден гол постигнаа Арѓент Зибери, Нарт Усеини и Дрилон Зендели. За охридскиот тим единствен стрелец беше Климент Гиновски.

Караорман со 3:1 го доби Кравари на домашен терен во меч каде Ангел Крстески беше двоен стрелец за стружани, а еден гол беше дело на Стефан Крстески. За гостинската екипа единствен стрелец беше Стефан Каревски.

Света Троица со „петарда“ за Влазними, откако Охриѓани со 5:0 славеа на гостинот од Струга. Боге Бимбилоски и Никола Угриноски беа двојни стрелци, а еден гол беше дело на Бобан Кузмановски.

Преспа никако да победи, но барем освои бод, откако ланскиот второлигаш на домашен терен во Ресен одигра 3:3 со Могила. Меритон Шабановски, Неџми Реџепи и Нико Пластиновски беа стрелци за Преспа, а за гостинот погоди Мики Талевски во 16. минута, а Андреј Ристевски беше двоен стрелец.

Напредок во Ношпал носи три бода откако славеше над Баир Спорт во Логоварди со резултат од 4:5. За домашниот тим Рафаело Османов постигна хет-трик, а еден гол беше дело на Ерџан Фејзуловски, за гостинската екипа двоен стрелец беше Владе Јанакиевски, а по еден гол постигнаа Филип Кебаковски, Димитар Аќимовиќ и Димитар Николовски.т

Како што веќе објави Спортска Мрежа, вчера, Напредок од Кичево и Крошу Спорт ги поделија бодовите, извештајот од тој меч е достапен овде.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Ираклис пресилен за МЗТ Скопје – македонскиот шампион го запиша шестиот пораз во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува без победа во ФИБА Еврокупот, откако на гостувањето во Солун претрпе убедлив пораз од грчки Ираклис...

Кошарка

ТФТ го затвори шестото коло со драма, четири екипи се израмнија зад МЗТ

ТФТ го совлада МКК Куманово со 89:87 во Скопје и го комплетираше шестото коло во МТЕЛ Суперлигата. Сила ги погоди двете решавачки слободни...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера преку Истатов во полуфиналето, Ана Димитровска со четири гола го потона Кочани, домашни победи за Пелистер и Љуботен

Без изненадувања во Купот на Македонија во женска конкуренција, фаворитите лесно обезбедија...

РакометФудбал

(ФОТО) Ајдуци реагираат: Вчера Астраион, денес Тиверија, струмичка спортска мизерија

Навивачката група „Ајдуци“ од Струмица, на натпреварот од 6. коло на кошаркарската...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!