Трета лигаФудбал

ВИДЕО: Победа со СЕДУМ гола за Вардар Брвеница, три бода за Лирија, Милазим Вељии херој на Добришти

Сподели
ФОТО: KF Liria - Zhelinë
Сподели

Екипата на Доброшти стигна до три бода во рамките на 3. коло на Трета лига регион 6, откако со минимални 0:1 славеше над Цетинска во гости, благодарение на голот на Милазим Вељии, кој беше единствен стрелец на мечот, а погоди во 64. минута.

Лирија со погодоците на Дритон Зеадини во 71. минута и Фехим Ислами во 80. минута со 2:0 славеше на домашен терен над Речица.

  • ЦЕЛ НАТПРЕВАР: ЛИРИЈА – РЕЧИЦА:

Вардар Брвеница имаше убедлива победа откако на домашен терен со 7:3 убедливо го доби Градец. Ивица Костадиноски постигна хет-трик за својот тим, а по еден гол постигнаа Дарко Андоновски, Ивица Ангелески, Јован Богдановски и Марко Стојковски.

За гостинот стрелци беа Ељфат Ракипи, Сокол Исеини и Амар Илјази, а погодија во вториот дел од средбата.

Гостивар на домашен терен се соочи со тимот на Џепчиште, а епилогот од оваа средба беше реми без голови (0:0).

Јехона ги освои бодовите на гостувањето кај Скендербег откако славеше со 3:4. За домашниот тим во првиот дел погоди Незир Рамадани, а во вториот дел Ардит Аљиу и Арлинд Бајрами, за гостинот по еднаш погодија Албин Љимани и Албан Амити, а двоен стрелец беше Изаир Емини.

Вчера, Љуботен и Кораб ги поделија бодовите, а извештајот на Спортска Мрежа за тој меч е достапен овде.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РакометРакометна репрезентација

Лазаров пред нов предизвик: Можно е да ја преземе и младинската репрезентација!

Македонскиот ракомет би можел да добие интересна селекторска комбинација пред Светското првенство за ракометари до 21 година, кое следното лето ќе се одржи...

Ракомет

Охрид е прв фаворит во ЕХФ Европскиот Куп, Алкалоид веднаш зад водечката тројка!

Европската ракометна федерација ги објави проценките за силата на 64-те екипи кои продолжуваат во ЕХФ Европскиот Куп, пред натпреварите од второто коло. Македонските...

Поврзани написи
Фудбал

ФК „Карпошово“ покажа дека фудбалот е за сите – балканска титула за македонскиот тим!

Фудбалскиот тим ФК „Карпошово“, составен од спортисти со Даунов синдром и лесна...

КупФудбал

КУП: Брера против Арсими, Струга Трим Лум ја доби Беласица, Вардар со Тиквеш

Во „Куќа на фудбалот“ во присуство на претставници на клубовите учесници, денеска...

Втора лигаФудбал

Осмото коло на Втора лига ќе се игра во два дена со два мечеви под рефлектори

Осмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се игра во два...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!