РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Манојлов: Веруваме во нашите квалитети и сакаме да покажеме дека можеме да се надигруваме со силни екипи

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Младата репрезентација на Македонија до 21 година ја очекува серија од три натпревари во период од само осум дена. Избраниците на новиот селектор Александар Таневски најпрво ќе одиграат контролен натпревар против селекцијата на Русија до 20 години, а потоа следуваат два квалификациски дуели од актуелниот циклус за Европското првенство.

Натпреварот против Русија е закажан за 28. септември во тренинг-центарот „Петар Милошевски“, додека во квалификацискиот циклус Македонија на 1. октомври во Битола ќе се соочи со Црна Гора. Четири дена подоцна, на 5. октомври, следува гостувањето кај Шведска во Фалкенберг.

Пред претстојните предизвици, репрезентативецот Никола Манојлов вели дека атмосферата во тимот е одлична и дека сите се максимално мотивирани да го дадат најдоброто за националниот дрес.

„Атмосферата во репрезентацијата е одлична и сите сме максимално мотивирани и фокусирани на предизвиците што ни претстојат. Имаме одлична комуникација меѓу себе, добро работиме на тренинзите и владее желба за позитивни резултати. Нашиот стручен штаб детално ги анализираше противниците што не очекуваат, Русија, Црна Гора и Шведска. Знаеме дека секоја репрезентација има свои квалитети и специфичности, па затоа се подготвуваме сериозно за секој натпревар одделно. Најважно е да останеме заедно, дисциплинирани и да ги исполниме задачите што ќе ги добиеме. Веруваме во нашите квалитети и со максимален ангажман сакаме да покажеме дека имаме квалитетна селекција која може да се надигрува со силни екипи“, вели Манојлов.

Пред последните два натпревари од квалификациите за ЕП 2027, Македонија се наоѓа на 5. место во групата Е. По осум одиграни натпревари, Македонија има 6 бода. На врвот е Полска со 24 бода, пред Италија со 21, додека Црна Гора и Шведска имаат по 10 бода. На последното место е Ерменија без освоен бод.

Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Дамјан Ангеловски ја израдува Крива Паланка, Јуниор од Доброшане со минимална победа, Куманово ги освои бодовите во Слупчане

Фудбалот во Крива Паланка се врати по 30 години, а премиерниот меч донесе радост за навивачите на Академија Осогово, откако дебитантот во третото...

Трета лигаФудбал

Илинден не го запира ништо – „петарда“ за Фортуна, „кикс“ на БВК Коњаре, Аеродром загуби на домашен терен

Фаворитот Илинден продолжува да нижи порази во Трета лига регион 1 откако на гостински терен со убедливи 0:5 славеше над Фортуна. Тимот кој...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбалска репрезентација

ФОТО: Вардар конечно до првата победа, убедливи 4:0 против Тиверија Брера

Екипата на Вардар ја запиша првата сезонска победа во Првата женска фудбалска...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски со три испити за осум дена: Прво Русија, па Црна Гора и Шведска

Младата репрезентација на Македонија до 21 година влегува во интензивен репрезентативен период....

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

ВИДЕО: Швајцарија пресилна за Македонија, убедлив пораз на стартот од Лигата на нации

Македонската фудбалска репрезентација со пораз го започна новиот циклус во Лигата на...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

ФОТО: Македонија со победа над Хрватска до второто место на „Трофеј Македонија“

Женската ракометна репрезентација на Македонија со победа го заврши настапот на „Трофеј...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!