Ракомет

Томовски блескаше со 16 интервенции, Магдебург сепак пресилен

Сподели
SG BBM Bietigheim | facebook
Сподели

Македонскиот репрезентативен голман- Мартин Томовски повторно имаше забележителна вечер во германската Бундеслига, овојпат на исклучително тешкото гостување кај Магдебург.

Иако Битигхајм не успеа да дојде до позитивен резултат и беше поразен со 33-24, Томовски беше еден од клучните играчи на својот тим. Македонскиот репрезентативец собра 16 интервенции и беше меѓу најзаслужните што неговата екипа остана конкурентна во делови од натпреварот.

Томовски помина дури 58 минути на голот, а средбата ја заврши со 33 проценти успешност. Сепак, силниот настап на македонскиот чувар на мрежата не беше доволен за Битигхајм да му се спротивстави на актуелниот германски првак до самиот крај.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

Ираклис пресилен за МЗТ Скопје – македонскиот шампион го запиша шестиот пораз во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува без победа во ФИБА Еврокупот, откако на гостувањето во Солун претрпе убедлив пораз од грчки Ираклис...

Кошарка

ТФТ го затвори шестото коло со драма, четири екипи се израмнија зад МЗТ

ТФТ го совлада МКК Куманово со 89:87 во Скопје и го комплетираше шестото коло во МТЕЛ Суперлигата. Сила ги погоди двете решавачки слободни...

Поврзани написи
Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на...

Ракомет

Горан Кузманоски ја запиша првата победа на Кипар, Строволу броеше до 43!

Македонскиот стратег Горан Кузманоски стигна до првата победа во кипарскиот шампионат со...

Ракомет

Митревски и Тодоровски ќе судат дерби во Лигата на Европа!

Македонските ракометни судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски продолжуваат со европските делегирања....

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!