Репрезентацијата на Црна Гора славеше над Србија со 20-19 во последниот натпревар од „Трофеј Македонија“ пред завршната пресметка меѓу Македонија и Хрватска.
Возбудливиот дуел меѓу соседните селекции беше решен во последните секунди. Србија имаше две можности да стигне до победа, но не ги реализираше своите напади, по што Црна Гора го искористи последниот момент и го запиша триумфот.
Со пет освоени бода и гол-разлика од +7, Црна Гора сега е на врвот на табелата. Хрватска има три бода и гол-разлика од +13, па со победа над Македонија ќе го освои трофејот.

Македонската селекција по вчерашниот пораз од Црна Гора остана без шанси за првото место, но денешниот натпревар ќе има големо значење за конечниот распоред на турнирот.

Од 19:00 часот Македонија ќе ги одмери силите со Хрватска, која со каква било победа ќе стигне до трофејот на „Трофеј Македонија“.