РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Седлоски со Гаштаров од првата минута против Швајцарија

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Селекторот Гоце Седлоски го одреди стартниот состав на Македонија за вечерашниот натпревар против Швајцарија во рамките на Лигата на нации. На Националната арена „Тодор Проески“ македонската репрезентација од 20:45 часот ќе го започне новиот циклус со амбициозен состав.

Најголемо внимание привлекува Матеј Гаштаров, кој ќе го запише своето сениорско репрезентативно деби. Фудбалерот на Црвена Звезда ќе биде во средниот ред заедно со капитенот Енис Барди.

Во офанзивниот дел Седлоски се одлучи за Елиф Елмас, Тихомир Костадинов, Бојан Миовски и Елмин Растодер. Последниот ќе има посебен мотив, со оглед на тоа што е роден во Швајцарија и досегашната кариера ја градеше во тамошниот фудбал.

На голот е Столе Димитриевски, додека дефанзивната четворка ја сочинуваат Бојан Илиевски, Висар Муслиу, Ѓоко Зајков и Себастијан Херера.



МАКЕДОНИЈА (4-2-3-1): Димитриевски – Илиевски, Муслиу, Зајков, Херера – Гаштаров, Барди – Елмас, Миовски, Костадинов – Растодер.

Швајцарија, пак, ќе настапи без неколку искусни фудбалери, меѓу кои Гранит Џака, Брел Емболо, Рубен Варгас и Ноа Окафор. На голот ќе биде Грегор Кобел, а капитенската лента во отсуство на Џака ќе ја носи Мануел Аканџи.

ШВАЈЦАРИЈА: Кобел – Евелди, Аканџи, Фројлер, Манзамби, Амдуни, Ндоје, Родригез, Јашари, Атекаме – Ридер.



Македонија во Скопје ќе биде без Николов и Серафимов, додека Дарко Чурлинов нема да биде во комбинација поради административни проблеми поврзани со неговиот клуб Погон Шчечин.

Главен судија на натпреварот ќе биде Германецот Даниел Шлагер.

Во првиот натпревар од групата, Словенија и Шкотска одиграа без голови, 0-0.



Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

Македонски судии со европска задача во Полска: браќата Илиевски делегирани за меч од ЕХФ Купот

Македонските ракометни судии продолжуваат со ангажманите на меѓународната сцена. Методија и Михајло Илиевски добија доверба од Европската ракометна федерација и ќе бидат дел...

Останати репрезентацииРепрезентација

Марко Џорлев ќе се бори за светско злато! Македонскиот каратист со четири победи до финалето во Полска

Македонскиот карате репрезентативец Марко Џорлев обезбеди пласман во финалето на Светското првенство за кадети, јуниори и натпреварувачи до 21 година, кое се одржува...

Поврзани написи
Останати репрезентацииРепрезентација

Марко Џорлев ќе се бори за светско злато! Македонскиот каратист со четири победи до финалето во Полска

Македонскиот карате репрезентативец Марко Џорлев обезбеди пласман во финалето на Светското првенство...

Останати репрезентацииРепрезентација

Изабела Зајков со освоениот бронзен медал на прием кај министерот за спорт Борко Ристовски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска ги пречека младите македонски репрезентативци Омер...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Дмитро Хориха од денес е дел од македонската ракометна репрезентација!

Денес, во просториите на Ракометната федерација на Македонија, се одржа прес-конференција на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!