Ракомет

Охрид убедлив против Прилеп, „гладијаторите“ со полна пареа кон Вардар

Сподели
Сподели

ГРК Охрид продолжува со сигурни настапи на домашен терен. „Гладијаторите“ вечерва ја забележаа третата победа пред своите навивачи, откако во рамките на четвртото коло од Суперлигата убедливо го совладаа Прилеп со 34-18.

Охриѓани од самиот почеток ја презедоа иницијативата, иако гостите во воведните минути двапати имаа минимална предност. По 2-2, домаќинот постепено го презеде ритамот на натпреварот и со серија голови направи разлика.

Прилеп успеваше да остане во резултатски приклучок до 7-5, но потоа следуваше клучниот период од првото полувреме. Охрид ја засили одбраната, Дино Славиќ беше на високо ниво меѓу стативите, а нападот го искористи тоа за серија од 6-1 и водство од 13-6.

До паузата избраниците на Ројевиќ продолжија да го контролираат натпреварот и со голот на Дарко Ѓукиќ во последните секунди стигнаа до двојна предност – 18-9.

Ништо не се промени ниту по одморот. Охрид продолжи да ја зголемува разликата, па за кратко време стигна до 24-12. Прилеп имаше големи проблеми да пронајде решение во нападот, додека домашниот состав продолжи да казнува.

При резултат 24-13, Охрид направи нова серија од 5-0 и за првпат имаше огромни плус 16 – 29-13. Гостите речиси девет минути беа без постигнат гол, по што успеаја само да ја ублажат негативата.

До последниот свиреж Охрид без проблем ја одржа високата предност и стигна до конечни 34-18.

Дарко Ѓукиќ беше најефикасен кај победникот со осум гола, додека Мате и Зечевиќ постигнаа по пет. Кај Прилеп, Марковски беше стрелец на четири гола, а Кастратовиќ заврши со три.

Охриѓани сега ги очекува нов голем предизвик. Во следното коло гостуваат кај актуелниот шампион Вардар 1961 во Скопје, во уште едно дерби од домашното првенство. Прилеп, пак, на свој терен ќе ја пречека Струга.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Гаштаров: Играме против голема Шкотска, која има квалитетни играчи, но и ние имаме свои имиња кои се во многу добра форма

Фудбалската репрезентација на Македонија утре во Глазгов ја очекува дуелот со Шкотска во рамки на Лигата на нациите. Матеј Гаштаров е еден од...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Седлоски: Сакам да видам верба, тактички добро да стоиме и да одиграме добар натпревар против Шкотска

Македонската репрезентација во Глазгов ја очекува дуелот со Шкотска во рамки на Лигата на нациите. Предводникот на нашиот национален тим, Гоце Седлоски, ја...

Поврзани написи
Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10....

Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на...

Ракомет

Горан Кузманоски ја запиша првата победа на Кипар, Строволу броеше до 43!

Македонскиот стратег Горан Кузманоски стигна до првата победа во кипарскиот шампионат со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!