Ракометна репрезентацијаРепрезентација

ФОТО: Црна Гора ја надигра Македонија во вториот меч од „Трофеј Македонија“

Сподели
Сподели

ФОТО: Црна Гора ја надигра Македонија во вториот меч од „Трофеј МакедонијаМакедонската женска ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз на турнирот „Трофеј Македонија“, откако во салата „Билјанини Извори“ загуби од Црна Гора со 23-29.

По вчерашната убедлива победа над Србија, избраничките на Игор Марковиќ имаа тежок предизвик против селекцијата на Црна Гора, која во Охрид покажа поголем квалитет и заслужено стигна до триумф.

Македонија добро го започна натпреварот и во воведните минути се играше гол за гол. По исклучувањето на Сара Ристовска, Марија Гугујанова презеде одговорност и со два гола помогна Македонија да остане во резултатски егал. Сепак, средината на првото полувреме донесе пад во играта на домашната селекција.

Црногорките ја искористија серијата технички грешки на Македонија, за кратко време создадоа предност, а по дваесет минути игра водеа со 9-6. Марковиќ се обиде да ја промени играта и со напад седум на шест, но противничката одбрана успешно одговори и предноста повторно се зголеми.

Ристовска беше сигурна од линијата за седум метри и со своите погодоци ја одржуваше Македонија во игра, но завршницата на првиот дел повторно им припадна на гостинките. Црна Гора на одмор замина со водство од 15-9.

Во второто полувреме Македонија покажа поинакво лице. Моника Јанеска со неколку одлични продори внесе енергија во нападот, а по погодоците на Џатевска, Ристовска и Ризоска, домашната селекција успеа да ја намали негативата на четири гола, 16-20.

Но, Црна Гора не дозволи целосен пресврт. Искуството и поширокиот избор на расположени ракометарки повторно дојдоа до израз, па во последниот период гостинките ја вратија сигурната предност. Во 54. минута разликата достигна и осум гола, при резултат 28-20.

Во второто полувреме Македонија остана и без Ана Марија Коларовска, која при еден напад се повреди по незгоден доскок. Таа постигна еден гол пред да го напушти теренот.

До крајот двете селекции одиграа израмнето, а Црна Гора го задржа водството од првиот дел и славеше со 29-23.

Најефикасна во македонскиот состав беше Сара Ристовска со осум погодоци, додека Моника Јанеска постигна четири. Кај Црна Гора, Савиќ и Мугоша постигнаа по пет гола.

За Македонија ова беше прв пораз на турнирот по победата над Србија. „Трофеј Македонија“ завршува утре со последните два натпревари: Црна Гора – Србија од 17:00 часот и Македонија – Хрватска од 19:00 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус од Лигата на нации, откако во Луцерн загуби од Швајцарија со...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига, откако на гостувањето кај Вибжеже Гдањск одигра 31-31 во натпревар со...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Алиоски се враќа, со Дориев и Елмас против Швајцарија!

Македонија вечерва во Луцерн ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на нации,...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезетнација до 18 години со победа над Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 18 години забележа победа од 1:0 против...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година загуби од Шведска

Младата репрезентација на Македонија до 21 година со пораз ги заврши квалификациите...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!