Денес беа одредени паровите за осминафиналето од Купот на Македонија во женска конкуренција. Во првата фаза од Купот слободна ќе биде екипата на Тиверија Брера, која ќе ја брани Куп титулата.
Првата фаза носи големо дерби меѓу Каменица Саса и Скопје, Истатов ќе игра против второлигашот Ржаничино.
Речица ќе се соочи со ланскиот прволигаш Топ Гол, додека пак Вардар налета на Пелистер. Ас Јунајтед во Струга како фаворит ќе игра против новиот второлигаш Менада, а пак Кочани ќе го пречека второлигашот Плачковица од Радовиш.
Првото коло го носи и дуелот во Охрид меѓу Билјанини Извори и Љуботен, дуел на два поранешни шампиони на Македонија.
Учество во Купот на пријавија три екипи односно дебитантите во Втората лига, Башкими од Куманово и Топ Грлс од Охрид, како и повратникот во Втората лига, Победа од Валандово.