Втора женска фудбалска лигаФудбал

Виолета Јанчева ќе им суди на Плачковица и Билјанини Извори, Милош Алексиќ на Башкими и Менада

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Познати судиите кои ќе ја делат правдата на мечевите од првото воведно коло на новата сезона во Втората женска фудбалска лига.

Утре со мечот меѓу Башкими и Менада во Слупчане ќе започне новата сезона, а кој меч стартува во 11 часот. Правдата на истиот ќе ја дели Милош Алексиќ, а негови помошници ќе бидат Валтон Маличи и Предраг Анѓелковски.

За контролор на овој меч е одреден Бранислав Јанушев.

Еден час подоцна, односно во 12 часот започнува средбата во Радовиш меѓу Плачковица и Билјанини Извори, главен арбитар ќе биде Виолета Јанчева, а помошници ќе бидат Иван Танев и Стефан Митров.

Контролор на овој натпревар ќе биде Зоранчо Темелков.



В недела од 12:30 часот ќе започне мечот меѓу Ржаничино и Победа Валандово, а Александар Ѓорѓиевски ќе ја дели правдата, со асистентите Александар Николоски и Виктор Здравев.

Музафер Исмаили ќе биде контролор на овој натпревар.

Првото коло се затвара во Охрид со натпреварот меѓу Топ Грлс и Топ Гол, Јован Качевски ќе биде главен судија, а ќе му помагаат Разме Бакрачески и Јован Анѓелкоски.

Контролор на овој натпревар ќе биде Ацо Мацевски.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!