Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со жестоки казни: Суспензија од шест месеци за Бајрами, казни за Охрид и Брегалница

Сподели
Сподели

Дисциплинската комисија на ФФМ на денешната седница донесе повеќе одлуки по разгледувањето на случувањата на натпреварите од Македонската фудбалска лига.

Фудбалерот на Охрид Лихнидос, Дамјан Масевски, е казнет со забрана за настап на четири натпревари, додека играчот на Аресими 1973, Муслими Мухарем, доби суспензија од еден натпревар.

Брегалница 2008 е казнета со 150 евра поради користење на една бакља на натпреварот против Силекс во Кратово. Воедно, против штипскиот клуб е поведена и дисциплинска постапка поради користење пиротехнички средства на натпреварот против Скопје АД.

Дисциплинска постапка е поведена и против Вардар поради слаба организација, односно присуство на повеќе лица од дозволениот број во ВИП-ложата на натпреварот против Шкендија Арачиново 77.

Дополнително, Комет администраторот на Шкендија Арачиново 77, Исуф Бајрами, е казнет со забрана за вршење функција во траење од шест месеци. Казната е изречена поради неспортски, понижувачки и вулгарен однос, како и вербален напад врз судиите на натпреварот Вардар – Шкендија Арачиново 77.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!