РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Судијата Даниел Шлагер ќе ја дели правдата на Македонија – Швајцарија

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Познати се арбитрите кои ќе ја делат правдата на првиот натпревар на Македонија во новото издание на Лигата на нации. Нашата репрезентација в сабота на „Националната арена Тодор Проески“ ќе се соочи со Швајцарија.

Главен судија ќе биде Германецот Даниел Шлагер, а негови помошници ќе бидат Свен Новицки и Тобијас Фрич. За четврти судија е делегиран Робин Браун, додека во ВАР-собата ќе бидат Бенјамин Бранд и Бенјамин Кортус.

За Шлагер, кој ФИФА знакот го носи од 2022 година, ова ќе биде 303. натпревар во неговата кариера, а втор во Лигата на нации. Претходно судеше во ова натпреварување на 17 ноември 2024 година, кога ја делеше правдата на натпреварот меѓу Македонија и Фарски Острови, кој нашата репрезентација го доби со 1:0 со голот на Бојан Миовски.

Германскиот арбитар во просек покажува 4,31 жолт картон по натпревар. На дуелот на „Тодор Проески“ пред нешто помалку од две години, Шлагер им покажа жолти картони на Никола Серафимов, Езгијан Алиоски, Енис Барди, Исник Алими, Милан Ристовски и Петур Кнудсен.

Шлагер досега бил делегиран и на два натпревари во квалификациите за Европското првенство. Во клупските натпреварувања под организација на УЕФА судел на 16 меча – 13 во Конференциската лига и три во Лигата на Европа.

Во Бундеслигата има судено на 106 натпревари, додека во Купот на Германија бил делегиран на 17 средби.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!