Останати репрезентацииРепрезентација

Сара Митевска го предаде четвртфиналето во Парма поради повреда

Сподели
ФОТО: Тениска федерација на Македонија
Сподели

Македонската тенисерка Сара Митевска го предаде четвртфиналниот меч против Германката Милена Стеинкамп на Европското првенство за тенисери и тенисерки до 16 години, кое се одржува во Парма.

Митевска го предаде натпреварот во третиот сет, при резултат 1:1 во сетови и 3:2 во гемови за противничката, откако се повреди за време на тај-брејкот во вториот сет.

Во тај-брејкот Митевска незгодно падна и го повреди десното колено. Иако повредата очигледно ѝ создаваше проблеми, македонската тенисерка продолжи да игра, но во два наврати мораше да побара медицинска помош. При втората пауза, кога водеше со 2:1 во гемови во третиот сет, десното колено ѝ беше бандажирано.

Митевска одлично го започна мечот и го освои првиот сет со 6:4. Во вториот сет се водеше голема борба за секој поен, а македонската тенисерка во поголемиот дел од сетот имаше предност. Сепак, Стеинкамп успеа да се избори за тај-брејк, во кој го изедначи резултатот на 1:1 во сетови.

За жал, токму во тај-брејкот Митевска се повреди, а и покрај обидот да продолжи, во третиот сет беше принудена да го предаде мечот.

Сепак, Сара Митевска може да биде задоволна од настапот во Парма. Со пласманот во четвртфиналето и прикажаните игри на Европското првенство, таа потврди дека претставува голем потенцијал за македонскиот женски тенис.

Посебно значајна беше нејзината победа во осминафиналето против Романката Марија Поп, која важи за една од најдобрите светски тенисерки во својата возрасна категорија и на турнирот беше прва носителка.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!