РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Фудбалерките до 17 години поразени од Црна Гора на вториот контролен натпревар

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Женската репрезентација на Македонија до 17 години претрпе пораз од Црна Гора со 5:3 во вториот контролен натпревар одигран во Колашин.

Домашната селекција поведе во 17. минута преку Тина Јанкетиќ. Пет минути пред истекот на првото полувреме Софија Велинова ја погоди сопствената мрежа за 2:0, а само две минути подоцна Теодора Цебаловиќ зголеми на 3:0.

Црна Гора постигна и четврти погодок на почетокот од второто полувреме, кога во листата на стрелци се запиша Софија Влаовиќ.

Во продолжението, македонската репрезентација заигра подобро и постигна три гола.

Во 53. минута Елена Наумоска намали на 4:1, осум минути подоцна Ања Каранфиловска го постигна вториот гол за Македонија, додека Глорија Тодоровска во втората минута од судиското надополнување го постигна третиот погодок за нашата селекција.

На крајот, Црна Гора славеше со 5:3.

МАКЕДОНИЈА: 12. Магдалена Иломановска, 2. Марија Климовска, 3. Стефанија Богдановска, 6. Ања Каранфиловска (8. Душица Лазаревска 71), 13. Кејла Алиоски (4. Нина Манасиева 36), 14. Софија Велинова (15. Емилија Ивковиќ 46), 9. Елена Наумовска (5. Тамара Атанасовска 64), 20. Ана Марија Велевачковска (10. Лина Мицовска 46), 18. Јана Милошевска (11. Марија Велиновска 46), 16. Симона Бошковска (7. Лана Спасовска 46), 17. Софија Величковска (19. Глорија Тодорова 46).

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!