Ракомет

Македонија убедлива против Србија на стартот на „Трофеј Македонија“: Марковиќ со победничко деби

Сподели
Сподели



Женската ракометна репрезентација на Македонија со победа го започна настапот на домашниот турнир „Трофеј Македонија 2026“, откако во Охрид ја совлада Србија со убедливи 29:21. За новиот селектор Игор Марковиќ, ова беше победничко деби на македонската клупа.

Нашата селекција уште од самиот почеток наметна силен ритам, пред сè преку цврстата одбрана и добрата реакција на голманката Петковска. Македонија брзо создаде предност од 5:2, а со дисциплинирана игра и искористување на грешките на противникот разликата постојано растеше.

Ристовска, Ризоска, Арсениевска и Младеновска беа меѓу главните носители на нападот, а до средината на првиот дел Македонија веќе имаше сериозна предност. Српските ракометарки имаа проблеми со реализацијата и направија низа технички грешки, што домашниот состав умешно ги казнуваше. На паузата Македонија замина со убедливи 17:9.

Србија се обиде да се врати во игра на стартот од второто полувреме и успеа да намали дел од негативата, но Македонија брзо одговори. Во моментите кога гостинската селекција се закани со дополнително намалување на разликата, Марковиќ реагираше со тајм-аут, по што следуваа нови погодoци и повторно зголемување на предноста.

До финишот македонската селекција целосно го контролираше натпреварот. Марковиќ им даде шанса и на останатите ракометарки, па Македонија со изменет состав ги одигра последните минути и без проблем ја приведе средбата до крај за конечни 29:21.

Капитенката Сара Ристовска беше меѓу најдобрите на теренот и беше прогласена за МВП, со седум, односно според записникот осум погодоци, додека Ангела Јанкуловска постигна пет, а Емилијана Ризоска и Младеновска по четири.



Кај Србија најефикасни беа Александра Васиќ со седум и Милица Оташевиќ со пет гола.
Триумфот е уште позначаен бидејќи Македонија на победа над Србија во сениорска конкуренција чекаше од Европското првенство во 2008 година, кога во Скопје славеше со 31:30.

На турнирот и двете селекции настапуваат во комбинирани состави. Србија пристигна со значително подмладен тим и дури девет дебитантки, додека кај Македонија недостасуваат Јована Мицевска Митев, Марија Јанкуловска и Теодора Дукоска.

Македонија утре продолжува со настапите на „Трофеј Македонија“. Од 17:30 часот противник ќе биде Црна Гора, додека Србија претходно, од 15:30 часот, ќе игра против Хрватска.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

ФОТО: Ракометниот караван пристигна во Струга: Андреа Лекиќ ги воодушеви најмладите

Денес, спортската сала „Тими“ во Струга беше исполнета со детски насмевки, позитивна енергија и љубов кон ракометот. Најмладите имаа можност да се дружат,...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Пехарот има пет различни освојувачи, но само една екипа сега брка втора титула – за експресно враќање во Прва лига

Новата сезона во Втората женска фудбалска лига започнува овој викенд, а со неа повторно се отвора и трката за шампионскиот пехар и пласман...

Поврзани написи
Ракомет

ФОТО: Ракометниот караван пристигна во Струга: Андреа Лекиќ ги воодушеви најмладите

Денес, спортската сала „Тими“ во Струга беше исполнета со детски насмевки, позитивна...

Ракомет

Пејиќ: Ќе дадеме сè од себе против Алкалоид, публиката во „Млаз“ е феноменална!

В сабота Младост ќе го одигра натпреварот од 4. коло на Супер...

Ракомет

Црна Гора и Хрватска со реми на стартот на „Трофеј Македонија“ во Охрид

Со поделба на бодовите и резултат 20:20 започна новото издание на „Трофеј...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!