Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Црна Гора и Хрватска со реми на стартот на „Трофеј Македонија“ во Охрид

Сподели
Сподели

Со поделба на бодовите и резултат 20:20 започна новото издание на „Трофеј Македонија“, откако Црна Гора и Хрватска одиграа израмнет и неизвесен натпревар во салата „Билјанини Извори“ во Охрид.

Црногорките подобро го отворија натпреварот и во првиот дел имаа предност од четири гола, 9:5, но Хрватска постепено се враќаше во игра. И покрај бројните грешки на двете страни, избраничките на Лазовиќ успеаја на пауза да заминат со минимално водство од 11:10.

Во второто полувреме се играше во ритам гол за гол, со чести промени на водството. Хрватска успеа да го преземе резултатот во завршницата, но Црна Гора не дозволи натпреварот да ѝ избега од раце.

Во драматичниот финиш, Јауковиќ прво пропушти можност од седум метри, но потоа се искупи со погодок за 19:19. Хрватска преку Вуковиќ повторно поведе, но во последниот напад Црна Гора ја одигра акцијата до крај, а токму Јауковиќ погоди за конечни 20:20.

И двете селекции во Охрид настапија со комбинирани состави, со повеќе млади ракометарки кои добија можност да се наметнат на турнирот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

ФОТО: Хориха со три гола дебитираше за Македонија, а потоа следуваше вистинска навивачка опсада – меѓу нив и верниот Давор од Кочани!

Македонската ракометна репрезентација доби ново име во своите редови, а Дмитро Хориха уште на дебитантскиот настап успеа да ги освои симпатиите на македонските...

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11. коло од Пионерската суперлига. Дуелот се игра в четврток, 5 ноември,...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија фуриозно ги отвори квалификациите – Луксембург испратен со 18 гола разлика!

Македонската ракометна репрезентација на најдобар можен начин го започна патот кон Европското...

РепрезентацијаФудбалска репрезентацијаФутсал

Македонија со Финска и Шпанија во квалификациите за СП во футсал

Македонската футсал репрезентација ја започнува трката за пласман на Светското првенство во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!