Втора лигаФудбал

ТАБЕЛА: Кој може да го симне Пелистер од тронот во Втора лига?

Сподели
Сподели



По шест кола екипата на Пелистер од Битола е на врвот од табелата со 14 бодови, откако битолчани славеа во дербито со Охрид со минимални 1:0.

Сега тимот на Борче Христов е на челното место со 14 бодови, еден бод повеќе од Брера која е втора со 13 бодови, а пак Охрид е втор со 12 бодови.

Но, овие две екипи може да го симнат од врвот Пелистер, ако ги добијат одложените натпревари. „Рибарите“ уште во четврток може да се вратат на врвот од табелата, ако слават во Радовиш над Детонит Плачковица, во одложениот меч од 2. коло.

Брера Струмица, исто така има одложен меч, тој од 5. коло со Работнички, кој доколку го добие може да избие на првото место, а веќе во 7. коло Брера ќе има тешко гостување кај Охрид.

Од овие комбинации и Работнички гледа голем ќар, односно избивање при самиот врв. „Романтичарите“ имаат дури два натпревари помалку, кои доколку го добијат на своето конто ќе додадат плус 6 бодови тогаш би имале 15 бодови, бидејќи сега имаат девет.



В четврток Работнички ќе гостува кај Тетекс во Тетово, а потоа ќе се соочат со Брера на домашен терен за комплетирање на тие два одложени мечеви.

На дното без бодови останува Шкупи како единствен тим кој нема освоено бодови.

Непоразени екипи остануваат Пелистер, Брера и Беласица, а без победи се екипите на Шкупи и Осогово. Најмногу ремизираше натпревари има Беласица.

Најефикасни напади имаат Брера и Охрид со по 12 реализирани погодоци, најдобри одбрани имаат Пелистер и Брера со по еден примен гол, додека пак најлоша одбрана има Шкупи, која примила дури 22 гола.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло на Младинската суперлига. Флори Илази промаши пенал во 9. минута, но...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Србија во Нови Сад. За...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11....

ИнтернационалциФудбал

Тежок пораз за Брера Струмица во Германија, Хофенхајм со девет гола го заврши европскиот сон на струмичките младинци!

Македонскиот младински шампион Брера Струмица го заврши својот настап во младинската Лига...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!