Младински фудбалФудбал

Скопје е есенски шампион во Втора лига Младинци – Камчев, Рајчиновски и Топчиевски со најмногу голови!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Екипата на Скопје со максимален ефект од девет победи од девет натпревари и максимални 27 бодови е есенски шампион во Втората лига Младинци.

Младите „пирати“ од Автокоманда домираа ова есен во секој сегмент, го имаат најдобриот напад со реализираше 43 погодоци, а притоа ја имаат и најдобрата одбрана во лигата, која на девет натпревари примила само шест погодоци.

Скопје убедливо доминираше и во пролетниот дел ќе треба да го потврди првото место за шампионски пехар во Втората лига Младинци.

На второто место ова есен заврши Тетекс со шест победи, едно реми и два порази и 19 бодови на своето конто, а пак на третото место заврши Тиквеш со 16 боодви, а пак Воска Спорт и Гостива го делат петтото место со по 15 бодови.

Тимот на Кожуф има 10 бодови, а толку има и Беса и заедно го делат шестто место, Ренова и ССК Нова имаат по седум бодови за делба на осмото место, а на дното е тимот на Детонит Плачковица со шест бодови.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ВТОРАТА ЛИГА МЛАДИНЦИ:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК СКОПЈЕ АД 9 9 0 0 43 6 +37 27
2 ФК ТЕТЕКС 1953 9 6 1 2 25 12 +13 19
3 ГФК Тиквеш 1930 АД Кавадарци 9 5 1 3 29 16 +13 16
4 ФК ВОСКА СПОРТ АД 9 5 0 4 17 19 -2 15
5 КФГ ГОСТИВАР АД 9 5 0 4 17 23 -6 15
6 ФК КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА 9 3 1 5 22 24 -2 10
7 ФК БЕСА 1976 АД 9 3 1 5 22 25 -3 10
8 ФК РЕНОВА АД 9 2 1 6 16 23 -7 7
9 ФК ССК НОВА 9 2 1 6 12 39 -27 7
10 ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 9 2 0 7 13 29 -16 6

Во однос на листата на најдобри стрелци во врвот се израмнети тројца фудбалери со по 12 гола, тоа се Стојанче Камчев и Раде Рајчиновски од Тиквеш, како и Давид Топчиевски од Скопје.

По десет гола имаат Славко Ристоски од Скпје и Давид Тодоровски од Скопје, а потоа следува Ајет Камбери со осум гола од Беса, фудбалерот на Тетекс, Петар Сандев кој има седум гола, како и Антонио Ѓорѓиевси, исто од Тетекс со шест гола.

  • ЦЕЛА ЛИСТА НА НАЈДОБРИ СТРЕЛЦИ ВО ВТОРАТА МЛАДИНСКА СУПЕРЛИГА:
    • 12 гола:
      • Камчев Стојанче (ГФК Тиквеш 1930 АД Кавадарци)
      • Рајчиновски Раде (ГФК Тиквеш 1930 АД Кавадарци)
      • Топчиевски Давид (ФК СКОПЈЕ АД)
    • 10 гола:
      • Ристоски Славко (ФК СКОПЈЕ АД)
      • Тодоровски Давид (ФК СКОПЈЕ АД)
    • 8 гола:
      • Камбери Ајет (ФК БЕСА 1976 АД)
    • 7 гола:
      • Сандев Петар (ФК ТЕТЕКС 1953)
    • 6 гола:
      • Ѓорѓевски Антонио (ФК ТЕТЕКС 1953)
    • 5 гола:
      • Иванов Илија (ФК КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА)
      • Ристов Методи (ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА)
    • 4 гола:
      • Велија Феми (ФК БЕСА 1976 АД)
      • Мемети Медин (ФК ВОСКА СПОРТ АД)
      • Мемишоски Јордован (КФГ ГОСТИВАР АД)
      • Ристов Роберто (ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА)
      • Саити Ермал (ФК РЕНОВА АД)
    • 3 гола:
      • Ајрули Енсар (ФК БЕСА 1976 АД)
      • Бериша Аљбан (ФК ССК НОВА)
      • Гоцков Стефан (ФК КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА)
      • Демиров Христијан (ФК КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА)
      • Дуев Димитар (ФК КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА)
      • Дучков Лазар (ФК КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА)
      • Љуши Агон (КФГ ГОСТИВАР АД)
      • Филипоски Павел (ФК ССК НОВА)
      • Ходаи Ерзен (ФК РЕНОВА АД)
    • 2 гола:
      • Ајдини Ќендрим (КФГ ГОСТИВАР АД)
      • Антовски Давор (ФК ТЕТЕКС 1953)
      • Боев Аврам (ФК КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА)

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Ракометарките на Ѓорче Петров против Варар, Металург Автокоманда го пречекува Куманово!

Шампионот Ѓорче Петров кој е лидер на табелата во плеј-офот на женската ракометна Суперлига, во рамки на 8. коло на домашен терен ќе...

Трета лигаФудбал

Ананиев главен во Берово, Ѓоргиев ќе им суди на Овче Поле и Ударник

Во недела ќе бидат одиграни натпреварите од 11. коло на Третата фудбалска лига – Исток, како што веќе информираше Спортска Мрежа, сите натпревари...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Ананиев главен во Берово, Ѓоргиев ќе им суди на Овче Поле и Ударник

Во недела ќе бидат одиграни натпреварите од 11. коло на Третата фудбалска...

Трета лигаФудбал

Натпреварите во Трета лига – Исток ќе започнат со минута молчење поради смртта на Мартин Ташов

Сите натпревари од 11-тата рунда на Третата фудбалска лига – Исток, кои...

ФудбалФудбалска репрезентација

Футсал репрезентацијата на Македонија загуби од Андора

Футсал репрезентацијата на Македонија претрпе уште еден пораз во квалификациие за Европското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!