Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Галевски: Подготовките се одвиваат добро и се надевам дека спремни ќе го дочекаме стартот на Светското првенство!

Сподели
ФОТО: РФМ
Сподели
Македонската машка ракометна репрезентација започна со интензивни подготовки за настапот на Светското првенство 2025. Подготвителниот период ќе се одвива во Стара Пазова, Србија, каде играчите ќе останат до 30 декември.

Младиот голман на Македонија, Иван Галевски, изрази задоволство од текот на подготовките, нагласувајќи дека сè тече по план.

“Чест и задоволство ми е што сум дел од овој колектив. Нѐ очекува еден голем предизвик, но тоа не треба да ни претставува притисок, напротив еден мотив плус за да секој го даде својот максимум. Подготовките се одвиваат добро и се надевам дека спремни ќе го дочекаме стартот на Светското првенство”, рече голманот Галевски.

Репрезентацијата ќе се натпреварува во групата Д, заедно со репрезентациите на Унгарија, Холандија и Гвинеја. Натпреварите ќе се играат во Вараждин, Хрватска.

Првиот натпревар на Македонија е на 15. јануари против Унгарија, вториот на 17. јануари против Холандија, а третиот на 19. јануари против Гвинеја.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторката Катерина Милеска го објави списокот на фудбалерки за квалификацискиот турнир во Грузија

Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години ќе учествува во квалификациите...

РакометРакометна репрезентација

Македонија тргнува кон ЕП 2028, Лазаров повика 35 ракометари!

Македонската ракометна репрезентација се подготвува за почетокот на квалификацискиот циклус за Европското...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Горан Станковски го избра составот: Македонија У15 ќе настапи на Светското првенство во Баку

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 15 години, составена од играчи од...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Женската кадетска репрезентација ги започна подготовките, Македонија ќе игра против Турција и Грција

Женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија ги започна подготовките за настапот во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!