Втора лигаФудбал

Три тренерски оставки во Втора лига, ќе има ли за брзо и четврта?

Сподели
ФОТО: ФК Работнички
Сподели



По пет одиграни кола во Втората македонска фудбалска лига се случија и три тренерски промени.

Прв тренерска оставка поради лоши резултати поднесе Иван Варадиновски од тренерското столче на Новаци. Младиот стратег од Штип ја презеде одговорноста за лошите резултати и си поднесе оставка.

Потоа, оставка поднесе и тренерот на Камјани, Бурхан Емурлаи, кој заминува од дебитантот поради ангажман во странство, ќе работи како помошник во стручниот штаб на Јетон Беќири во Кабала во Азербејџан.

Последната тренерска промена се случи пред стартот на шестото коло, откако Јован Трајков поднесе оставка од тренерското столче на Еуромилк ГЛ, „лисиците“ ќе бараат нов тренер кој ќе го наследи Трајков, стратегот кој го врати тимот од Горно Лисиче по долги години во Втората лига.

Оставките доаѓаат од екипи кои се во долниот дел од табелата на ВМФЛ, а доаѓаат можеби и навремено, со цел да не дојдат клубовите во тешка ситуација за опстанок.

Новаци по заминувањето на Варадиновски успеа да триумфира во Купот, а потоа дојде и до првата сезонска радост во Втора лига, Еуромилк ГЛ денес ќе има задача против Беласица да дојде до позитивен резултат, а пак Камјани како дебитант одлично се снаоѓа во Втората лига, а Емурлаи денес ќе го води за последен пат Камјани на мечот против Детонит Плачковица.



Засега најмногу загрозени се две екипи. Шкупи по пет кола има пет порази и единствен тим на дното без бодови, а пак Осогово од можни 15 бодови освои само еден и се наоѓа на претпоследното месот, а денес „жетварите“ во Тетово ќе мораат да најдат начин како до прва радост или барем да освојат бод.

Кај останатите екипи засега има некоја стабилност, Тетекс ако денес го добие Осогово ќе има сериозен прогрес бидејќи има и меч помалку, одложениот со Работнички, а од друга страна клучен меч се игра и во Гевгелија меѓу Кожуф и Новаци, па трите бодови од овој дуел може да направат промени на табелата.



Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Вардар денес гостува во Богданци, Младост ќе има поддршка со полна сала

Вечерва во 18 часот во Богданци ќе се одигра натпреварот од третото коло на Супер лигата меѓу Младост и Вардар, се очекува полна...

Трета лигаФудбал

Саса оди по три бода во Пирава, дерби на Овче Поле и Малеш, Огражден ќе го предизвикува Хоризонт Турново

Второто коло од Трета лига регион 3 носи неколку интересни средби, каде се очекува голема борба за освојување на бодовите. Овче Поле кој...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Саса оди по три бода во Пирава, дерби на Овче Поле и Малеш, Огражден ќе го предизвикува Хоризонт Турново

Второто коло од Трета лига регион 3 носи неколку интересни средби, каде...

Трета лигаФудбал

Речица ќе ја пречека Дрита, Јехона против Лирија, Љуботен сака нови три бода

Во ист термин од 16 часот, утре ќе бидат одиграни натпреварите од...

Трета лигаФудбал

ГФК Победа апсолутен фаворит за цел „плен“, Бучин сака да го освои Росоман, Венец по три бодови против Млекар

Со четири натпревари денес ќе биде отворена втората рунда во Трета лига...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!