Прва лигаФудбал

Маневски: Подготвени сме за надигрување и ги посакуваме трите бода

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Актуелниот шампион Вардар не го започна според посакуваниот план новото првенство во Првата лига. „Црвено-црните“ во последното коло не успеаја да стигнат до трите бода, одигрувајќи 3-3 на гостувањето кај Башкими во Куманово.

Сепак, тој натпревар е веќе зад нив, а фокусот е ставен на новиот предизвик. Вардар вечерва на стадионот на комплексот на ФФМ го пречекува составот на Шкендија Арачиново, кој се наметна како едно од најпријатните изненадувања на почетокот од сезоната.

Избраниците на Миодраг Божовиќ влегуваат во натпреварот со јасна цел – победа и освојување на трите бода, со кои би се вратиле на победничкиот пат.

„Вардар е актуелен шампион и ние секогаш размислуваме само за победа. Така е и во пресрет на вечерашниот меч против Шкендија Арачиново. Тие се во одличен ритам и нанижаа неколку победи, а тоа е уште еден мотив повеќе за нас да бидеме максимално подготвени и да пристапиме кон овој дуел со должно внимание. Подготвени сме за надигрување и ги посакуваме трите бода“, вели Маневски.

Во моментов, Шкендија Арачиново е подобро пласирана од Вардар на табелата и се наоѓа на четвртата позиција, со два повеќе од актуелниот првак.

Натпреварот е закажан за 20 часот на теренот на Фудбалската федерација на Македонија, а ќе го суди Доне Ристовски.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се...

ФудбалФутсал

Проект покажа шампионски карактер преку пресврт славеше над СЕЕ Университи, два гола за Трајче Димитриев

Нов триумф за шампионот Проект кој преку пресврт славеше над повратникот во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!