Останато

Бузалковски со два подиуми во Словачка – Со поддршка од министерот за спорт Борко Ристовски по европската вицешампионска титула!

Сподели
ФОТО: Министерство за спорт
Сподели

Македонскиот мотоциклист Христијан Бузалковски продолжува со одличните настапи во ФИМ Европскиот шампионат, откако изминатиот викенд на легендарната патека „Словакиаринг“ во Словачка освои две места на подиумот во класата СуперСток 1000.

Бузалковски го освои второто место во едната, а третото место во другата трка, со што освои нови важни бодови во генералниот пласман. По настапот во Словачка, македонскиот мотоциклист се наоѓа на третата позиција, со само два бода помалку од второпласираниот натпреварувач.

Токму затоа, последната трка од шампионатот, која ќе се вози во Бугарија, ќе биде директна битка за европската вицешампионска позиција.

По повод одличниот настап, Бузалковски оствари средба со министерот за спорт Борко Ристовски, кој му честиташе за двата подиуми и истакна дека неговите резултати се потврда за потенцијалот на македонскиот мотоспорт.

На средбата било разговарано и за подготовките за завршната трка во Бугарија, каде Бузалковски ќе има можност успешната сезона да ја круниса со освојување на вицешампионската титула во ФИМ Европскиот шампионат.

Министерството за спорт, како што беше истакнато, ќе продолжи да ги поддржува македонските спортисти кои со своите резултати ја претставуваат Македонија на меѓународната спортска сцена.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Србија во Нови Сад. За...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

ФОТО: Хориха со три гола дебитираше за Македонија, а потоа следуваше вистинска навивачка опсада – меѓу нив и верниот Давор од Кочани!

Македонската ракометна репрезентација доби ново име во своите редови, а Дмитро Хориха уште на дебитантскиот настап успеа да ги освои симпатиите на македонските...

Поврзани написи
Останато

МЗТ Скопје немоќен во Полска – Џики Варшава го нанесе петтиот последователен пораз на македонскиот шампион во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува со негативната серија во ФИБА...

Останато

ТФТ постигна 21 поен повеќе отколку во Тузла, но повторно прими над 100 во АБА 2

ТФТ Скопје го претрпе вториот пораз во групата Б од АБА 2....

Останато

Струмица 47&72 без конкуренција кај кадетите – четири победи, ниту еден загубен сет и лидерско место на табелата!

Кадетската екипа на Струмица 47&72 продолжува со одличните настапи во одбојкарското првенство,...

Останато

Борец Велес испиша хет-трик од титули – трета година по ред шампион во Државната одбојкарска лига за ветерани!

Одбојкарските ветерани на ГОК Борец Велес продолжуваат со доминацијата во Државната лига...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!