Останато

Марта Димковска испиша нова страница во македонската атлетика: Национален рекорд на 300 метри!

Сподели
ФОТО: Атлетска федерација на Македонија
Сподели

Марта Димковска постави нов национален рекорд на 300 метри, остварувајќи одличен резултат на Купот на Македонија за пионери и пионерки, кој изминатиот викенд се одржа во Велес.

Димковска настапи вон конкуренција во дисциплината 300 метри, а со време од 41.27 секунди успеа да постави нови национални рекорди во дури три возрасни категории – У18, У20 и сениорки.

Со овој резултат, младата атлетичарка ги подобри досегашните најдобри национални остварувања во трите категории. Во У18 категоријата досегашниот рекорд беше во сопственост на Жанета Дрнковска со 42.04 секунди, во У20 рекордот го држеше Дрита Ислами со 41.85 секунди, додека кај сениорките најдобар резултат имаше Христина Ристеска со 41.35 секунди.

Димковска со своето време од 41.27 секунди ги надмина сите три рекордни остварувања и запиша ново име во националните рекордни листи на македонската атлетика.

Одличниот настап во Велес претставува значаен резултат за младата атлетичарка, која со едно трчање успеа да постави национален рекорд во три различни возрасни категории.

Сподели

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Србија во Нови Сад. За...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

ФОТО: Хориха со три гола дебитираше за Македонија, а потоа следуваше вистинска навивачка опсада – меѓу нив и верниот Давор од Кочани!

Македонската ракометна репрезентација доби ново име во своите редови, а Дмитро Хориха уште на дебитантскиот настап успеа да ги освои симпатиите на македонските...

Поврзани написи
Останато

МЗТ Скопје немоќен во Полска – Џики Варшава го нанесе петтиот последователен пораз на македонскиот шампион во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува со негативната серија во ФИБА...

Останато

ТФТ постигна 21 поен повеќе отколку во Тузла, но повторно прими над 100 во АБА 2

ТФТ Скопје го претрпе вториот пораз во групата Б од АБА 2....

Останато

Струмица 47&72 без конкуренција кај кадетите – четири победи, ниту еден загубен сет и лидерско место на табелата!

Кадетската екипа на Струмица 47&72 продолжува со одличните настапи во одбојкарското првенство,...

Останато

Борец Велес испиша хет-трик од титули – трета година по ред шампион во Државната одбојкарска лига за ветерани!

Одбојкарските ветерани на ГОК Борец Велес продолжуваат со доминацијата во Државната лига...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!