Брера Струмица пристигна во Андора, младинскиот тим денес го имаше последниот тренинг пред утрешниот предизвик во младинската Лига на шампиони.
Струмичани утре ќе играат против Санта Колома од Андора, а за Брера Струмица настапот во младинската Лига на шампиони е вторпат во последните три години, со што се потврдува огромниот успех на клубот и младинската школа.
Утре се игра првиот меч, а реваншот е закажан за 14 октомври во Струмица.

