Ракомет

„Одиме по првите бодови“: Чупиќ и Малус ја најавија битката со Нант!

Сподели
ФОТО: РК Вардар
Сподели

По тесниот пораз од Мелсунген во премиерното коло, Вардар во среда ќе го одигра првиот домашен натпревар во новата сезона од Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ во СЦ „Јане Сандански“ го пречекуваат Нант, а тренерот Иван Чупиќ и Јака Малус на прес-конференцијата порачаа дека тимот е подготвен за нов европски предизвик и ќе атакува на првите бодови.

Малус истакна дека Вардар влегува во натпреварот со добра подготовка и дополнителен мотив поради домашниот терен. Словенецот очекува поддршката од трибините да биде важен фактор во обидот тимот да ја продолжи серијата без пораз пред својата публика.

„Сакаме да ги освоиме првите бодови во Лигата на шампионите. Во натпреварот влегуваме оптимистички. Добро сме подготвени тактички, психички и физички. Ќе го дадеме максимумот и со поддршка од трибините ќе одиме по првите бодови“, порача Малус.

Чупиќ, пак, со респект зборуваше за Нант, но потенцираше дека Вардар има своја цел во првиот европски натпревар пред домашната публика. Според него, победата би била значајна не само за бодовното салдо, туку и како дополнителен импулс за продолжението од групната фаза.

„За Нант можам да кажам само убави зборови – и за тренерот и за целиот состав. Секако, имаме свои желби и надежи да дојдеме до двата бода и до првата победа во оваа сезона од Лигата на шампионите. Првите бодови би ни значеле многу и би биле голем ветер во грб“, истакна Чупиќ.

Вардар ќе биде без Милан Лазаревски и Милан Бомаштар, додека за Жоао Педро конечната одлука ќе биде донесена по последниот тренинг. Чупиќ нагласи дека нема да се ризикува со Педро доколку не биде целосно подготвен.

Во пресрет на европската премиера пред својата публика, вардарци имаат јасна цел – по доброто издание во Касел да стигнат до првата победа и да запишат важни бодови во Лигата на шампионите. Дуелот со Нант е закажан за среда од 18:45 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

ФОТО: Хориха со три гола дебитираше за Македонија, а потоа следуваше вистинска навивачка опсада – меѓу нив и верниот Давор од Кочани!

Македонската ракометна репрезентација доби ново име во своите редови, а Дмитро Хориха уште на дебитантскиот настап успеа да ги освои симпатиите на македонските...

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11. коло од Пионерската суперлига. Дуелот се игра в четврток, 5 ноември,...

Поврзани написи
Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

РакометРакометна репрезентација

Кадетите на Македонија со две проверки против младинската репрезентација

ЕХФ неделата ќе донесе меѓусебни дуели меѓу македонските кадетски и младински ракометари....

РакометРакометна репрезентација

ФОТО: Сè е подготвено за Луксембург – Македонија го одработи последниот тренинг!

Македонската машка ракометна репрезентација ги привршува подготовките за почетокот на квалификацискиот циклус...

Ракомет

Ројевиќ не ги заборава успесите со Војводина: Поранешниот клуб му посвети посебна порака!

Репрезентативната пауза донесе и средба со минатото за тренерот на ГРК Охрид,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!