По извршената анализа од сите натпревари, вклучително и денес последно одиграниот првенствен натпревар од ова коло од Првата МФЛ, Судискиот одбор изразува задоволство од судиските перформанси и конзистентност во интерпретацијата на Правилата на фудбалската игра.
За време на претстојната пауза во првенството заради одигрувањето на репрезентативните натпревари на А селекцијата, Судискиот одбор ќе продолжи со стручна анализа и со давање дополнителни технички инструкции на судиите, со посебен акцент на унифицираната примена на Правилата на игра и дисциплинските критериуми.