По седум кола и првата „лупа“ на табелата во Првата македонска фудбалска лига. Дебитантот од Арачиново игра совршено, Скопје ја бара првата сезонска победа, шампионот Вардар е на минус пет од лидерот Шкендија.
Тетовска Шкендија на два меча во низа нема триумф по совршениот старт од пет победи вицешампионот има пораз и реми, но и натаму е на врвот од табелата со 16 бодови на своето конто, два повеќе од Струга Трим Лум која е на второто место.
Дебитантот Шкендија Арачиново го држи третото место со 13 бодови на своето конто, тимот игра фантастично во прволигашката конкуренција со три победи во низа. Екипата која во две сезони од Трета лига – Север дојде до Прва лига сега брка и излез во Европа.

Тиквеш има одличен старт во новата сезона, тимот од Кавадарци е со ефект од три победи, три ремија и еден домашен пораз, па со 12 бодови е на четвртото место. Зад Тиквеш следува Вардар, шампионот е на петтото место со 11 бодови не игра според планот, ако се земе фактот што има два порази, но и две ремија со Тиквеш во Кавадарци и Башкими во Куманово.
Следува еден пресек на табелата. Пет екипи со едноцифрен број на бодови.
Силекс е на шестата позиција со осум бодови, тимот од Кратово е во резултатска криза и нема старт каков што посакува. На последните пет средби тимот има победа, три последователни порази и едно реми.
Арсими е седми, исто така со осум бодови, ремито со Шкендија од Тетово за тимот од Чегране е мотив на следниот меч со Струга Трим Лум во гости да се вара враќање на победничките патеки.
Брегалница е во резултатска криза која резултираше со тренерска промена. Никола Кузманов е минато во штипскиот тим, но и натаму се чека на триумф, кој би бил трет.

„Сините“ имаат седум бодови од форма две победи, едно реми и четири порази за осмо место, со што Брегалница е во бараж зоната за опстанок.
Во опасната зона за испаѓање во Втора лига е Башкими, кој после серијата порази се враќа на серијата позитивни резултати, по победата над Скопје во гости, следуваше реми со шампионот Вардар на домашен терен.
На дното како единствен тим кој нема триумф е Скопје, „пиратите“ од Автокоманда имаат три ремија и четири порази и со три бодови се на дното од табелата.
Најмногу победи во шампионатот има Шкендија, вкупно пет, без победа е Скопје. Најмногу порази има Башкими, вкупно пет, најмалку пораз – по еден имаат Шкендија, Струга Трим Лум и Тиквеш.

Сите екипи имаат барем по едно реми, а најмногу имаат Скопје и Тиквеш по три.
Најефикасен напад има Тиквеш со 17 погодоци, најдобра одбрана има Струга Трим Лум која примила само пет погодоци. Најмалку погодоци реализираше Скопје само три на седум меча, а најслаба одбрана имаше Башкими која примила дури 21 гол на седум меча.