ФудбалЧетврта лига

Кристијанчо Митков – Киско нов тренер на ФК Слога: Поранешниот капитен се враќа во клубот од Злеово во нова улога

Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Слога од Злеово влегува во новата сезона со промена на тренерската позиција, откако клубот го промовираше Кристијанчо Митков – Киско за нов предводник на екипата.

Митков е добро познато име во клубот и човек кој со години беше дел од Слога како играч, а во еден период ја имаше и капитенската лента. Неговата приказна со клуб од Злеово започнува уште во 1996 година, кога ги направи првите фудбалски чекори и настапи за Слога, по што низ кариерата стекна долгогодишно искуство и настапуваше и за Плачковица, Готен и Раклиш.

По годините поминати на теренот и во улога на капитен, Киско сега добива нов предизвик и за првпат ќе ја преземе тренерската функција во клубот кој добро го познава. Неговото искуство, познавањето на средината и долгогодишната поврзаност со Слога се очекува да бидат важен дел од работата со екипата.

За ФК Слога ова е продолжение на приказната која започна минатата сезона, кога клубот по долги години повторно се реактивираше и се врати на фудбалската карта на Македонија. Тимот од Злеово минатата сезона настапуваше во Општинската фудбалска лига Струмица, со што повторно беше оживеан фудбалот во ова радовишко место.



Слога и во новата сезона ќе биде дел од ОФЛ Струмица, но овојпат со нов човек на тренерската клупа. Целта е клубот да продолжи со развојот и постепено да ја гради својата екипа, а враќањето на фудбалот во Злеово да прерасне во стабилна и долгорочна приказна.

За Митков, пак, новата улога претставува враќање во клубот каде што ги направи првите фудбалски чекори, но сега со задача своето знаење, искуство и љубов кон Слога да ги пренесе на новите генерации и од клупата да го предводи тимот.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

По речиси една деценија повторно локално фудбалско дерби во радовишко – Готен и Слога ќе ги одмерат силите во Подареш!

По долги години пауза, радовишкиот фудбал повторно ќе добие локално дерби! Утре, во рамките на шестото коло од Општинската фудбалска лига – Струмица,...

Ракомет

Прилеп убедлив, Бутел славеше во последните секунди, Струга до важни бодови!

Десеттото коло во македонската ракометна Супер лига донесе различни сценарија на три терени – убедлива победа на Прилеп, драматичен триумф на Бутел Скопје...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Поранешниот селектор на Македонија Игор Ангеловски- Мрме го носи Таџикистан во финалето на Кралскиот куп!

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски – Мрме, заедно со...

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!