Ракомет

(ФОТО) Општина Конче испиша историја – за првпат доби ракомет: РК Феникс започна ново поглавје со најмладите

Сподели
Сподели



Историски ден за спортот во општина Конче. 4 септември 2026 година ќе остане запаметен како денот кога за првпат во историјата на оваа рурална општина започна да се тренира ракомет.

РК Феникс официјално го прошири своето дејствување и во општина Конче, каде што во спортската сала при ООУ „Гоце Делчев“ се одржа првиот собир и првиот тренинг. Почетокот помина во позитивна атмосфера, со голем број насмеани и среќни деца, голем интерес и огромна желба за запознавање со новиот спорт.

Со отворањето на ракометната школа во Конче, најмладите од општината добиваат уште една можност за активно спортување, дружење, развој и создавање здрави спортски навики.

Од РК Феникс упатија голема благодарност до градоначалникот на општина Конче, Златко Ристов, до Советот на Општина Конче, како и до сите родители за поддршката и до децата кои станаа дел од семејството на клубот.

Општина Конче останува посветена на развојот на спортот, додека РК Феникс најавува посветеност кон создавање успешна ракометна приказна и развој на младите таленти.

Вратите на РК Феникс во Конче се отворени за сите дечиња кои сакаат да тренираат ракомет, да спортуваат и да бидат дел од клубот, без разлика кога ќе одлучат да се приклучат.

Така, во Конче започнува едно ново поглавје – нови почетоци, нови генерации и нова ракометна приказна.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

По речиси една деценија повторно локално фудбалско дерби во радовишко – Готен и Слога ќе ги одмерат силите во Подареш!

По долги години пауза, радовишкиот фудбал повторно ќе добие локално дерби! Утре, во рамките на шестото коло од Општинската фудбалска лига – Струмица,...

Ракомет

Прилеп убедлив, Бутел славеше во последните секунди, Струга до важни бодови!

Десеттото коло во македонската ракометна Супер лига донесе различни сценарија на три терени – убедлива победа на Прилеп, драматичен триумф на Бутел Скопје...

Поврзани написи
Ракомет

Прилеп убедлив, Бутел славеше во последните секунди, Струга до важни бодови!

Десеттото коло во македонската ракометна Супер лига донесе различни сценарија на три...

Ракомет

Македонските клубови меѓу регионалната елита – Охрид со најцврста одбрана, Вардар и Пелистер во офанзивниот врв!

Првите два месеци од ракометната сезона 2026/27 донесоа позитивна слика за македонскиот...

Ракомет

Вардар го задржува својот чувар на мрежата – Валах останува до 2028 година!

Вардар 1961 продолжува да го гради тимот за иднината, а еден од...

Ракомет

Два европски меча, една цел – Охрид ја повикува публиката да ја исполни „Билјанини Извори”

Европската приказна на ГРК Охрид продолжува, а следната пречка на патот кон...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!