РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски: За Македонија секогаш ќе даваме сè од себе, со срце и гордост

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Александар Таневски вчера беше именуван за нов селектор на македонската репрезентација до 21 година, кој доаѓа како наследник на Горан Станиќ.

Таневски досега како селектор работеше со репрезентацијата на Македонија до 20 години, а како стратег ги водеше и Македонија ЃП, Брера Струмица и Беса од Добри Дол.

Откако Таневски беше именуван за нов селектор, тој истакна дека со голема чест и одговорност ја прифаќа довербата да ја води репрезентацијата на Македонија до 21 година.

„Со голема чест и одговорност ја прифаќам довербата да ја водам У-21 репрезентацијата на Македонија. Благодарност до Фудбалската Федерација на Македонија и до сите кои веруваат во мене. Македонија е една и единствена. За неа секогаш ќе даваме сè од себе, со срце и гордост“, вели селекторот Александар Таневски.

Пред Таневски сега е нов предизвик, овој пат како селектор на репрезентацијата на Македонија до 21 година.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

По речиси една деценија повторно локално фудбалско дерби во радовишко – Готен и Слога ќе ги одмерат силите во Подареш!

По долги години пауза, радовишкиот фудбал повторно ќе добие локално дерби! Утре, во рамките на шестото коло од Општинската фудбалска лига – Струмица,...

Ракомет

Прилеп убедлив, Бутел славеше во последните секунди, Струга до важни бодови!

Десеттото коло во македонската ракометна Супер лига донесе различни сценарија на три терени – убедлива победа на Прилеп, драматичен триумф на Бутел Скопје...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У19 не успеа против Швајцарија, фокусот сега е кон Малта

Во вториот натпревар од квалификацискиот турнир во Б-лигата, репрезентацијата на Македонија загуби...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Ристиќ ја реши средбата со Сан Марино, Македонија У17 на чекор до елитната фаза за ЕП!

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години забележа нова победа во...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Со две измени во ростерот, Македонија го очекува дуелот со Естонија во Штип

Селекторот на женската сениорска репрезентација на Македонија, Виктор Петровски, направи две измени...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!