Трета лигаФудбал

Стартува Трета лига регион 4 со 14 екипи – првото коло носи интересни двојки

Сподели
ФОТО: Архива
Сподели

Викендот започнува новата сезона во Третата македонска фудбалска лига регион 4, а во истата ќе се натпреваруваат 14 екипи.

Познати се сите екипи, како и распоредот за првото коло, а сезоната 2026/2027 ќе носи силна конкуренција за првото место кое води кон баражот за Втора лига.

Во новата сезона ќе се натпреваруваат Вардар Неготино, ГФК Победа Прилеп, Башкими од Јаболчиште, Борец, Бучин, Венец од Долни Дисан, Влазними Јуниор, Големо Коњари, Млекар, Питу Гули, Победа од Пепелиште, Превалец, Росоман и Ултрас.

Во рамките на првото воведно коло екипата на ГФК Победа во Прилеп ќе го пречека Превалец, Влазними Јуниор ќе биде домаќин на Росоман, а пак Бучин ќе игра со Вардар Неготино.

Големо Коњари ќе има неизвесен дуел против Башкими од Јаболчиште, Победа од Пепелиште ќе игра против Питу Гули, Борец ќе се соочи со Млекар, а пак Венец ќе биде домаќин на Ултрас.

Во новата сезона ГФК Победа има за цел да обезбеди пласман во Втора лига, Вардар Неготино кој минатата сезона испадна од Втора лига ќе биде далеку од конкурентен тим за прво место, Башкими од Јаболчиште состави тим со кој сака да го освои првото место, а во таа конкуренција ќе бидат уште неколку екипи.



Борец ќе се обиде да се консолидира и одново да атакува на шампионската титула и да има нова шанса за бараж за Втора лига, откако минатата сезона не го помина баражот.

Од сенка сигурно е дека ќе напаѓаат уште неколку екипи кои ќе сакаат да се наметнат за првото место, како Големо Коњари и Превалец кој традиционално секогаш е во горниот дел од табелата и прави „проблем“ за фаворитите во трката за првото место.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Дмитро Хориха: Ти благодарам, Македонијо, за довербата, за љубовта и за тоа што стана многу повеќе од само една земја за мене

Дмитро Хориха и официјално има право да игра за македонската ракометна репрезентација, тоа беше денес потврдено на прес-конференцијата на Ракометната федерација на Македонија....

Останато

Општина Битола му оддаде признание на младиот боксер Арабел Рустемовски за освоениот бронзен медал на Европското првенство

Младиот боксер Арабел Рустемовски, кој освои бронзен медал на Европското првенство за боксери до 17 години во Будва, Црна Гора, беше примен во...

Поврзани написи
Фудбал

ФК „Карпошово“ покажа дека фудбалот е за сите – балканска титула за македонскиот тим!

Фудбалскиот тим ФК „Карпошово“, составен од спортисти со Даунов синдром и лесна...

КупФудбал

КУП: Брера против Арсими, Струга Трим Лум ја доби Беласица, Вардар со Тиквеш

Во „Куќа на фудбалот“ во присуство на претставници на клубовите учесници, денеска...

Втора лигаФудбал

Осмото коло на Втора лига ќе се игра во два дена со два мечеви под рефлектори

Осмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се игра во два...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!