Фудбал

Дејан Јакимовски е нов претседател на Судискиот одбор на ФФМ

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука Дејан Јакимовски да биде назначен за нов претседател на Судискиот одбор на ФФМ, на местото на досегашниот претседател Емил Божиновски.

Божиновски поради лични причини се повлекува од функцијата, но останува дел од судиското тело во рамките на Федерацијата, каде со своето долгогодишно искуство ќе продолжи да придонесува во развојот и унапредувањето на судењето во македонскиот фудбал.

Јакимовски зад себе има долгогодишно домашно и меѓународно искуство како судија. Тој има повеќе од 500 натпревари во Првата и Втората МФЛ, како и над 110 меѓународни натпревари во својство на FIFA судија. Во досегашниот ангажман беше член на Судискиот одбор, УЕФА контролор, но и VAR менаџер и проектен лидер при воведувањето на VAR технологијата во македонскиот фудбал.

На седницата, Управниот одбор на ФФМ го разгледа и барањето за поддршка и донација за реконструкција и уредување на помошното фудбалско игралиште со вештачка трева „Ќумурно игралиште“ во Битола. Поради значењето на игралиштето за развојот на младинскиот фудбал и потребата од обезбедување безбедни и квалитетни услови за тренинг, ФФМ го прифати барањето и одобри финансиска поддршка за реконструкција.

Предвидено е да се изврши замена на вештачката трева, санација на подлогата, како и реконструкција на неопходната инфраструктура.

Управниот одбор го прифати и предлогот на Дисциплинската комисија за промена на таксите за поднесување жалба до Второстепената комисија за молби и жалби. Според новата одлука, таксата за физички лица се зголемува од 100 на 200 евра, додека за правни лица од 200 на 500 евра, во денарска противвредност.

Воедно, беше прифатена и одлуката за организација на Детските лиги во натпреварувачката сезона 2026/2027 преку новоформираните фудбалски региони. Активностите поврзани со Детските лиги ќе бидат интегрирани во Грасрут програмата 2024–2028, со што се создава поединствена и поорганизирана рамка за развој на детскиот фудбал и подобрување на условите за најмладите категории.

За реализација на активностите во сезоната 2026/2027 ќе бидат обезбедени 160.000 евра преку УЕФА Хет Трик, а дополнителни средства се очекуваат и од котизациите за учество во Детските лиги. Со тоа, вкупниот буџет за развој и реализација на активностите во детскиот фудбал во рамките на Грасрут програмата ќе надмине 230.000 евра.

Средствата ќе бидат насочени кон конкретни активности со цел зголемување на бројот на деца вклучени во фудбалот, подобрување на условите за тренинг и натпревари, како и создавање основа за долгорочен и одржлив развој на детскиот фудбал во сите фудбалски региони.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

По речиси една деценија повторно локално фудбалско дерби во радовишко – Готен и Слога ќе ги одмерат силите во Подареш!

По долги години пауза, радовишкиот фудбал повторно ќе добие локално дерби! Утре, во рамките на шестото коло од Општинската фудбалска лига – Струмица,...

Ракомет

Прилеп убедлив, Бутел славеше во последните секунди, Струга до важни бодови!

Десеттото коло во македонската ракометна Супер лига донесе различни сценарија на три терени – убедлива победа на Прилеп, драматичен триумф на Бутел Скопје...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Поранешниот селектор на Македонија Игор Ангеловски- Мрме го носи Таџикистан во финалето на Кралскиот куп!

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски – Мрме, заедно со...

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!