ИнтернационалциФудбал

Прв ангажман во странство: Стратегот Ѓорѓи Мојсов го презема српски Земун

Сподели
ФОТО: ГФК Тиквеш
Сподели

Македонскиот стратег Ѓорѓи Мојсов има нов тренерски предизвик надвор од македонските граници, откако 41-годишниот стручњак постигна договор со српскиот прволигаш Земун, пренесуваат српските медиуми.

Мојсов на клупата на клубот од Горња Варош доаѓа на местото на Милан Куљиќ, кој си замина по лошиот старт на сезоната. Земун по осум одиграни кола се наоѓа на последното место со само еден освоен бод, а досегашните резултати се проследени и со гол-разлика од 3:16.

Пред македонскиот тренер е исклучително тежок предизвик – да ја стабилизира екипата и да започне со освојување бодови во борбата за опстанок во српската елита.

За Мојсов ова ќе биде прв ангажман во странство во тренерската кариера.

Најголемиот дел од досегашниот тренерски пат го мина во Тиквеш. Во кавадаречкиот клуб пристигна во јули 2021 година како дел од стручниот штаб, а во септември 2022 година ја презеде функцијата прв тренер.

На клупата на Тиквеш остана до октомври минатата година, период во кој екипата ја предводеше на 104 официјални натпревари.

Сега Мојсов го очекува ново поглавје во кариерата и прв предизвик надвор од Македонија. Почетокот нема да биде лесен, но задачата е јасна – да го разбуди Земун и да го врати тимот во борбата за опстанок.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

„Добро бевме подготвени за натпреварот, а тоа го покажавме и на теренот“ – Ивановски по триумфот на Охрид во Езерското дерби!

Охрид убедливо го доби Езерското дерби, откако „гладијаторите“ со сигурна и доминантна игра славеа над Струга со 33-16. Избраниците на Борис Ројевиќ уште...

Кошарка

Суперкупот и купот на Македонија ќе се игра во Куманово, потпишана е соработка со КФМ

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, потпиша Меморандум за соработка со Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), со што дополнително се зајакнува партнерството меѓу...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Вардар испушти победа во Куманово: Башкими се врати во финишот за 3-3

Актуелниот македонски шампион Вардар пропушти голема можност да стигне до нова победа...

Втора лигаФудбал

Македонија ЃП со Темелков до втора сезонска победа, Камјани со минимален поразен 

Македонија Ѓорче Петров стигна до втората сезонска победа во Втората македонска фудбалска...

Трета лигаФудбал

Шест региони, 74 екипи и една цел – стартува новата сезона во Третата македонска лига

Новата сезона во Третата македонска фудбалска лига 2026/27 започнува овој викенд, а...

Втора лигаФудбал

Голема трагедија: На само 21 година загина поранешен фудбалер на Тетекс

Тажна вест го потресе тетовскиот и македонскиот фудбал. На само 21 година...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!