Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија денес против Бугарија го отвора четвртиот ЕвроВолеј во низа

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Македонската машка сениорска одбојкарска репрезентација попладнево го започнува настапот на четвртото Европско првенство во низа. Од 18:00 часот по македонско време, во арената „8888“ во Софија, избраниците ќе се соочат со ко-домаќинот Бугарија во натпреварот со кој официјално ќе биде отворено 34. издание на континенталниот шампионат.

Македонија е дел од групата Б, во која покрај Бугарија се наоѓаат и бранителот на титулата Полска, Украина, Португалија и Израел. Групата е исклучително силна, па секој освоен сет и секој бод може да биде од големо значење во борбата за пласман во следната фаза.

Бугарија во мечот влегува како голем фаворит, особено поради домашниот терен и квалитетот со кој располага. Сепак, домаќинот има огромна почит кон македонскиот состав, пред сè поради искуството и квалитетот на играчите кои добро ги познава. Никола и Ѓорѓи Ѓоргиев, како и Александар Љафтов, се добро познати имиња за бугарската одбојкарска јавност, имајќи предвид дека дел од своите кариери ги градеа токму во бугарското првенство.

Арената „8888“ е целосно подготвена за вистински одбојкарски спектакл, а се очекува мечот во живо да го следат околу 12.000 до 13.000 гледачи. За македонските одбојкари тоа ќе биде дополнителен мотив, но и голем предизвик против еден од најсилните состави на турнирот.

Македонија и Бугарија одлично се познаваат. Последниот меѓусебен дуел го одиграа минатата година на меморијалниот турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“ во Скопје, кога Бугарите со комбиниран состав славеа победа. Претходно двете репрезентации одиграа и четири пријателски натпревари, на кои исто така Бугарија излезе како победник.

Кога станува збор за официјалните дуели, последната пресметка датира од Европската лига во 2016 година. Тогаш Македонија приреди одлични партии и забележа две победи со идентични 3:1 – прво во Варна, а потоа и во Софија.

Нашата репрезентација досега има одиграно три натпревари на европските првенства против домаќини и има една победа и два порази. На ЕП 2019 во Љубљана ја совладавме Словенија со 3:1, додека две години подоцна, на ЕП 2021 во Тампере, загубивме со 1:3 од Финска. На последниот шампионат, во 2023 година, Македонија во осминафиналето во Бари беше поразена со 0:3 од домаќинот Италија.

Сега следува нов предизвик и нова шанса за македонските одбојкари да покажат дека можат да се носат со најдобрите европски репрезентации.

Мисијата е јасна – да се даде максимумот, Македонија да биде „тврд орев“ за секој противник и да се искористи секоја можност за позитивен резултат. Првата шанса доаѓа попладнево во Софија, против силната Бугарија.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

По речиси една деценија повторно локално фудбалско дерби во радовишко – Готен и Слога ќе ги одмерат силите во Подареш!

По долги години пауза, радовишкиот фудбал повторно ќе добие локално дерби! Утре, во рамките на шестото коло од Општинската фудбалска лига – Струмица,...

Ракомет

Прилеп убедлив, Бутел славеше во последните секунди, Струга до важни бодови!

Десеттото коло во македонската ракометна Супер лига донесе различни сценарија на три терени – убедлива победа на Прилеп, драматичен триумф на Бутел Скопје...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У19 не успеа против Швајцарија, фокусот сега е кон Малта

Во вториот натпревар од квалификацискиот турнир во Б-лигата, репрезентацијата на Македонија загуби...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Ристиќ ја реши средбата со Сан Марино, Македонија У17 на чекор до елитната фаза за ЕП!

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години забележа нова победа во...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Со две измени во ростерот, Македонија го очекува дуелот со Естонија во Штип

Селекторот на женската сениорска репрезентација на Македонија, Виктор Петровски, направи две измени...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!