Прва лигаФудбал

Масар Омерагиќ одржа состанок со претставниците од ПМФЛ, со цел подобрување на фудбалот

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Во „Куќата на фудбалот“, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, одржа работен состанок со претставниците на раководствата на клубовите од Првата македонска фудбалска лига.

На состанокот присуствуваше и комесарот за натпреварување, а претставниците на клубовите имаа можност директно да ги отворат прашањата, предлозите и темите за кои сметаат дека се од особено значење за понатамошниот развој и унапредување на македонскиот фудбал.

Една од клучните теми на состанокот беше најавата дека, за првпат по повеќе децении, клубовите од највисокиот ранг ќе имаат свои претставници, односно делегати во Собранието на ФФМ.

Со оваа одлука, прволигашките клубови директно ќе можат да учествуваат во работата на највисокото тело на Федерацијата и да придонесуваат со свои предлози, идеи, критики и иницијативи.

Досега, преку општинските фудбалски сојузи, клубовите од Првата лига немаа директно учество и влијание во работата на Собранието на ФФМ. Новината беше поздравена од страна на клубовите, кои ја оценија како значаен чекор кон поголема вклученост на прволигашите во процесите на одлучување, но и кон понатамошно унапредување на клупскиот фудбал во Македонија.

„Јас не се кријам зад Федерацијата, а не треба ниту клубовите да се кријат зад соопштенија. Се што сметаат дека треба да се подобри, сите предлози и идеи, можат директно преку органите на Федерацијата да ги предложат и достават. Само преку отворена комуникација можеме да дојдеме до решенија“, истакна Масар Омерагиќ на состанокот.

Посебно внимание беше посветено и на инфраструктурата и условите за одигрување на натпреварите. ФФМ ја истакна подготвеноста, заедно со општините и сопствениците на клубовите, да учествува во подобрувањето на инфраструктурните услови, но преку заеднички проекти и инвестиции.

На клубовите им беше дадена можност самите да ги определат приоритетите, дали тоа ќе биде изградба или подобрување на терените, поставување рефлекторско осветлување или друг инфраструктурен проект.

Од ФФМ беше нагласено дека Федерацијата не е во можност самостојно да ги финансира сите инфраструктурни потреби на клубовите, особено имајќи ја предвид состојбата со средствата наменети за инфраструктурата, кои во последните два месеци од претходното раководство се искористени за два проекти во вкупна вредност од околу пет милиони евра.

Приоритет на актуелното раководство на ФФМ остануваат Првата лига и младинскиот фудбал. Во исто време, беше потенцирано дека клубовите, како акционерски друштва, имаат сопствена одговорност за создавање соодветни услови на стадионите.

„Потребна е коректна и партнерска релација меѓу Федерацијата и клубовите. Ние како ФФМ ќе направиме се што е во наша можност и што сметаме дека е потребно за да го подигнеме нивото на натпреварувањето“, беше порачано на состанокот.

Претставниците на клубовите изразија задоволство од одржаниот состанок и ја поздравија идејата ваквите средби да станат редовна практика. Покрај одредени оперативни забелешки поврзани со приемот и пристапот на тимовите на стадионите, кои произлегуваат од ограничените можности на дел од објектите, клубовите немаа дополнителни забелешки во однос на организацијата на натпреварувањето.

Напротив, од страна на прволигашите беше истакнато задоволство од нивото на транспарентност, како во однос на судењето, така и во однос на целокупната организација и спроведување на натпреварувањето.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

По речиси една деценија повторно локално фудбалско дерби во радовишко – Готен и Слога ќе ги одмерат силите во Подареш!

По долги години пауза, радовишкиот фудбал повторно ќе добие локално дерби! Утре, во рамките на шестото коло од Општинската фудбалска лига – Струмица,...

Ракомет

Прилеп убедлив, Бутел славеше во последните секунди, Струга до важни бодови!

Десеттото коло во македонската ракометна Супер лига донесе различни сценарија на три терени – убедлива победа на Прилеп, драматичен триумф на Бутел Скопје...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Поранешниот селектор на Македонија Игор Ангеловски- Мрме го носи Таџикистан во финалето на Кралскиот куп!

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски – Мрме, заедно со...

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!