РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Струмица домаќин на развоен турнир за фудбалерки до 15 години

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Во периодот од 10 до 16 септември, во Струмица ќе се одржи развоен турнир за фудбалерки до 15 години, на кој покрај репрезентацијата на Македонија ќе настапат и селекциите на Молдавија, Турција и Црна Гора.

Натпреварите ќе се играат на теренот на комплексот „Пандев“ во Струмица и на стадионот „Кукуш“ во Турново.

Турнирот ќе започне на 11 септември, кога во рамките на првото коло Македонија ќе се соочи со Молдавија. Натпреварот ќе се одигра во Турново со почеток од 16:30 часот. Во истиот термин, на комплексот „Пандев“ во Струмица, ќе се сретнат Црна Гора и Турција.

Второто коло е закажано за 13 септември. Македонија повторно ќе игра во Турново, овојпат против Црна Гора, додека на комплексот „Пандев“ ќе се соочат Турција и Молдавија. И двата натпревари ќе започнат во 16:30 часот.

Последното, третото коло, ќе се одигра на 16 септември, со почеток од 11:00 часот. Македонија во Турново ќе ги одмери силите со Турција, додека во Струмица ќе се сретнат Црна Гора и Молдавија.

Развојниот турнир ќе биде одлична можност за младите фудбалерки да стекнат меѓународно искуство и да се надигруваат со врсничките од четири различни репрезентации.

Селекторот Астрит Мерко ги повика следниве фудбалерки:

  1. Илина Аврамоска (ЖФК Топ Гол)
  2. Ангелина Темелкоска (ЖФК Цевитана)
  3. Елена Мангоска (ЖФК Ас Јунајтед)
  4. Ива Цветаноска (ЖФК Ас Јунајтед)
  5. Анастасија Андреевска (ЖФК Љуботен)
  6. Леа Атанасовска (ЖФК Скопје)
  7. Вања Заковска (ЖФК Скопје)
  8. Теона Стојаноска (ЖФК Скопје)
  9. Зелије Балажи (ЖФК Ускана)
  10. Јонида Лика (ЖФК Ускана)
  11. Лина Јосифоска (ЖФК Цевитана)
  12. Ања Милеска (ЖФК Цевитана)
  13. Елена Момироска (ЖФК Цевитана)
  14. Јана Маркоска (ЖФК Цевитана)
  15. Исидора Илиевска (ЖФК Истатов)
  16. Роза Стамкова (ЖФК Истатов)
  17. Илина Јаневска (ЖФК Кочани)
  18. Ива Велков (ЖФК Кочани)
  19. Сара Саздовска (ЖФК Топ Гол)
  20. Илина Ѓориќ (Речица)
Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

По речиси една деценија повторно локално фудбалско дерби во радовишко – Готен и Слога ќе ги одмерат силите во Подареш!

По долги години пауза, радовишкиот фудбал повторно ќе добие локално дерби! Утре, во рамките на шестото коло од Општинската фудбалска лига – Струмица,...

Ракомет

Прилеп убедлив, Бутел славеше во последните секунди, Струга до важни бодови!

Десеттото коло во македонската ракометна Супер лига донесе различни сценарија на три терени – убедлива победа на Прилеп, драматичен триумф на Бутел Скопје...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У19 не успеа против Швајцарија, фокусот сега е кон Малта

Во вториот натпревар од квалификацискиот турнир во Б-лигата, репрезентацијата на Македонија загуби...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Ристиќ ја реши средбата со Сан Марино, Македонија У17 на чекор до елитната фаза за ЕП!

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години забележа нова победа во...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Со две измени во ростерот, Македонија го очекува дуелот со Естонија во Штип

Селекторот на женската сениорска репрезентација на Македонија, Виктор Петровски, направи две измени...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!